ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пациентите со автоимуни ревматски болести со голем ризик на компликации од КОВИД-19, подготвено упатство за нивно вакцинирање

March 28, 2021 11:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пациентите со автоимуни и инфламаторни ревматски болести, како на глобално ниво, така и кај нас, доколку заболат од КОВИД -19 имаат повисок ризик да добијат потешки симптоми и да бидат хоспитализирани, споредено со општата популација. За полесно справување со ковид-19 важно е овие пациенти да имаат добра контрола на хроничната болест, но и да им биде достапна целокупната терапија која е потребна за нивно лекување, истакна д-р Љубинка Дамјановска Крстиќ од Клиниката за ревматолошки болести во неделната дебата која ја организира Лекарската комора на РСМ, а која овој пат беше посветена на КОВИД-19 и автоимуните и инфламаторни ревматски болести.

Во дебата учествуваше и д-р Мимоза Николовска Котевска, претседател на Македонската ревматолошка асоцијација (МААР), која го презентираше „Упатство за доктори: Препораки за антиковид вакцинација на пациентите со автоимуни и инфламаторни ревматски болести“, кој е исклучително корисна алатка за лекарите, но и за пациентите.

Различни студии покажуваат дека пациентите со ревматоиден артритис имаат поголем ризик за инфекција со SARS-CoV-2, но и за хоспитализација во одделенијата за интензивна нега, поставување на механичка вентилација и смртност.

-Пациентите со ревматоиден артритис имаат поголем ризик за инфекција во споредба со општата популација и тоа не само во однос на ковид-19, дури и пред појава на овој вирус тие имаа два до четирипати поголем ризик за хоспитализација при појава на инфекција. При многу мал скок на активноста на болеста од само 0,6 единици доведува до 25 процентно зголемување на ратата на инфекции за кои е потребна хоспитализација, што е навистина голем скок. Ризикот за сериозни инфекции прогресивно се зголемува во однос на активноста на болеста. Пациентите во ремисија имаат најмал ризик за сериозна инфекција и како одиме од ниска кон умерена и висока активност на болеста, така се зголемува и ризикот од сериозна форма на ковид -19. Оваа група пациенти треба редовно да доаѓаат на контроли, да се придржуваат до дадената терапија и редовно да комуницираат со својот матичен лекар, интернист и ревматолог за да не се дозволи да имаат повисока активност на болеста, изјави д-р Дамјановска-Крстиќ .

-Дел од лековите кои ги примаат пациентите со ревматоиден артритис теоретски може да го зголемат ризикот за инфекција и потежок клинички тек кај ковид-19, но особено е важно пациентите да не одлучуваат самостојно да ја прекинат терапијата, туку задолжително да се консултираат со својот лекар како да тече третманот на хроничната болест во случај на ковид-19, соопшти Лекарската комора.

Пациентите со системски лупус, исто така имаат поголем ризик од инфекции поради тоа што примаат имуносупресивна терапија и имаат органско оштетување.

-Антималаричните лекови (плакенил) се многу важни за пациентите со системски лупус, а се најдовме во ситуација да има недостиг на лековите во светски рамки, поради што пациентите направија долги паузи во примањето на терапијата, што доведе до влошување на состојбата кај многу пациенти. Имав две пациентки со ЦНС лупус, едната од Виница со белодробна тромбемболија, која беше хоспитализирана во психијатриска болницата во „Демир Хисар“, па потоа на пулмологија, беше во многу тешка состојба, но за среќа успеавме да ја стабилизираме со помош на телемедицина. Другата пациентка од Ростуше, исто така беше во сериозна состојба со конвулзии и лупус нефритис, поради што моравме да даваме албумини во Здравствениот дом во Ростуше. Затоа, упатувам апел да се обезбедат што повеќе лекови, да бидат достапни за пациентите за да може да имаат соодветен третман на болеста, објаснува Дамјановска-Крстиќ.

Кога е во прашање јувенилниот артритис, односно артритисот кај деца, направена студија покажува дека од почетокот на пандемијата е зголемен процентот на случаи кај кои настанала реактивација на болеста.

-Пред пандемијата, односно во 2018 и 2019 година, имало реактивација на артритисот во 17 проценти од случаите, но во 2020 година оваа бројка пораснала на 33 проценти. Тоа е така бидејќи многу често родителите од страв за своите деца им ја прекинувале терапијата и не ги носеле редовно на контрола. Кај нас, за среќа, тоа не се случи, бидејќи родителите беа многу ревносни и редовно нè контактираа прашувајќи како да постапат во лекувањето на децата, вели Дамјановска-Крстиќ.

Од Лекарската комора наведуваат дека за вакцинацијата пациентите со автоимуни и инфламаторни ревматски заболувања треба да имаат предност во однос на општата популација, а при носење на одлуката за вакцинација ревматологот треба да разговара со пациентите и детално да ги информира за придобивките и ризиците од антиковид вакцинацијата и заеднички да решат како да се постапи. За оваа група пациенти не постои некој дополнителен ризик од компликации поради примање на вакцината, освен оној за појава на алергии од компонентите на вакцината што важи и за општата популација.

-Одговорот на ковид-19 вакцината се очекува да биде помал кај пациентите со автоимуни и инфламаторни ревматолошки заболувања кои примаат системска и имуномодуларна терапија што зависи и од нејзиното времетраење и јачина. Ниту една вакцина нема предност во однос на другите, така што вакцинирањето треба да се направи со таа што е достапна. Упатството за антиковид вакцинација кое го подготви Македонската ревматолошка асоцијација содржи прецизни информации за тоа кога треба да се даде вакцината и дали е потребно да се направи модулирање на терапијата. Пациентите треба да се вакцинираат независно од тоа дали примаат или не имуномодуларна терапија. Вакцината треба да се даде што поскоро, идеално кај добро контролирани болни или пациентите со ниска воспалителна активности. Кај активни пациенти со потешка форма на болест, задолжителна е консултација со ревматолог. По примање на вакцината пациентите треба и понатаму да се придржуваат до препораките за заштита, социјална дистанца, носење заштитна маска, почесто миење на раце. Доколку има потреба, елективните оперативни зафати треба да се планираат седум дена пред вакцинацијата или седум дена потоа, објаснува Мимоза Николовска Котевска, претседател на Македонската ревматолошка асоцијација (МААТ).

Лекарската комора го објави Упатството за антиковид вакцинација на автоимуни и инфламаторни ревматски болести на својата Интернет страница со цел, да го направи подостапно за лекарите и пациентите.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Столтенберг: Членството во НАТО ја постави Северна Македонија на патот на стабилноста и просперитетот, опкружена со 29 пријатели и сојузници (Видео)

НАЈНОВО

Сирија заплени 12 милиони таблети Каптагон, уапсен водачот на криминалната мрежа

October 21, 2025

Вајц: Прашања поврзани со идентитетот го блокираат македонскиот напредок на европскиот пат

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk