ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ОЈО: Проширена истрагата за марихуана пронајдена во камион на ГП „Богородица“

March 30, 2021 11:23
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното овинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено призводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, по претходен договор и заедно со уште едно лице за кое веќе се води постапка, со непознато лице од Косово се договориле неовластено заради продажба да пренесат наркотична дрога марихуана во Турција, се вели во соопштението од ОЈО.

За таа цел, осомничениот искористил товарно моторно возило – влекач и приколка со скопски регистарски таблици, сопственост на едно правно лице. Потоа, со возилото двајцата отишле во Приштина каде на 4 март возилото било натоварено со легална рециклирана отпадна хартија која требала да се извезе за Република Турција.

– На 5 март со возилото преминале во Република Северна Македонија и на точно неутврдена локација ја натовариле во камионот и наркотичната дрога – марихуана со вкупно количество од 390.378,8 грама, спакувана во 516 полиетиленски пакувања. На 6 март, лицето за кое претходно беше поведена постапка тргнало да ја пренесе дрогата преку Граничниот премин „Богородица“, со крајна дестинација – Република Турција. Овластени службени лица ја пронашле марихуаната во возилото непосредно пред граничниот премин, стои во соопштението од ОЈО:

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за притвор и за лицето за кое беше проширена постапката.

Од ОЈО информираат дека на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена, а од 7 март, по предлог на јавниот обвинител, првиот осомничен за истото кривично дело веќе се наоѓа во притвор.​​

извор: МИА

Next Post

„Лидерските“ решенија добри за сите – да се поддржат, а системот што не нуди решенија – да се поправи!

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk