Цели осум дена Христијан Мицкоски молчи, бега од јавноста, не дава одговор на јавно поставените прашања: Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за престедателските избори?, праша на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Нема одговор ниту на прашањето, дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите се нотирани во нивниот Финансиски извештај? Молчи Мицкоски, молчи и Игор Јанушев кој како генерален секретар е потписник на сметката. Молкот на Мицкоски и Јанушев отвора сериозни и оправдани сомнежи во јавноста. За да ги охрабриме, да излезат и да одговорат пред граѓаните, ги прашуваме:Дали донациите на Орце Камчев се неколку стотици илијади евра?“, рече Костадинов.
Ако Камчев ја финансирал кампањата со стотици илјади евра, а тоа не е заведено во финансискиот Извештај, тогаш се отвора простор за индиции за сериозно кривично дело, нелегално финансирање на изборна кампања, вели Костадинов.
Дали ова директно го поврзува Мицкоски со случајот „Рекет“ и дали можеби ова е мотивот, зошто тој толку посветено го брани тајкунот на режимот, Камчев?, потенцираше портпаролот на СДСМ.
Извор: СДСМ