ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска – Фенгхе: Борбата со пандемијата бара заедништво и меѓусебна поддршка

March 30, 2021 15:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, во Министерството за одбрана, со високи воени почести беше пречекан министерот за одбрана на Народна Република Кина, генералот Веи Фенгхе, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија. 

 

На средбата со министерката Радмила Шекеринска беше потврдена долгогодишната билатерална одбранбена соработка, која се базира на Спогодбата за соработка од 2004 година. Одбранбената соработка помеѓу двете земји е особено активна во доменот на военото образование и обука, изучувањето на кинески воени вештини и воените спортови.

Министерката се заблагодари за кинеската поддршка во справувањето со последиците од пандемијата, која претставува предизвик за целиот свет. Народна Република Кина во јули 2020 година за Армијата донираше заштитна медицинска опрема составена од заштитни маски, заштитни очила, визири, заштитни одела, ракавици, инфузиски пумпи, термометри и термални шлемови, во вкупна вредност од околу 250.000 долари.

„Ниту една земја не може да изгради ѕидови и да се заштити од пандемијата доколку целиот свет не се заштити. Само кога сите заедно се бориме со истиот непријател, ќе имаме подобри и побрзи резултати”, рече министерката и ја искористи можноста за да побара од министерот Фенгхе побрза испорака на кинеските вакцини во нашата земја.

Кинескиот министер за одбрана на средбата порача дека одбранбената соработка меѓу Кина и Северна Македонија е добра, но постои простор за зајакнување на соработката во школувањето и воената обука, справувањето со кризи, во мировните операции и обуката на специјалните сили.

„70 земји во светот  ја одобрија уптребата на кинеските  вакцини. Во Кина 100 милиони луѓе  се вакцинирани. Како одговорна  земја, Кина сака да придонесе  да се доведе пандемијата под контрола“, рече кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе и најави дека ќе се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во Северна Македонија. Министерот најави и можност за поддршка на македонската Армија со кинески вакцини.

На состанокот, министерката Шекеринска и нејзиниот кинески колега Фенгхе се заложија за заеднички и здружен одговор на светот пред предизвиците на глобално ниво.

Официјалната посета на министерот Фенгхе на Северна Македонија, продолжи со средби со премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

Next Post

КСС: Исплата на цела плата за работниците кои ќе заболат од Ковид-19 на работа

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk