ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Калеска Ванчева: Политичкиот дијалог е демократски стандард, деблокадата на Собранието е во интерес на граѓаните и државата

March 30, 2021 15:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичкиот дијалог со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е демократски стандард за земја членка на НАТО и држава која се движи кон полноправно членство во ЕУ. Конечно треба се деблокира работата на Собранието. Тоа е во интерес на граѓаните и на државата, во интерес на нашата заедничка иднина, особено сега, во време на пандемија, рече денеска на прес-конференција пратеничката и координаторка на Форум на жени  на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.

-Заради процесот на имунизацијата на населението против коронавирусот, заради обезбедување поддршка, промоција и потврда од најголемата опозициска партија, се согласивме пописот да се одложи за наесен, од септември. Важно е да поминат и двете фази од вакцинацијата и освен попишувачите, да биде вакциниран и значаен дел и од населението кое ќе биде попишано. На тој начин ќе имаме повеќе имунизирани граѓани, повисок степен на заштита, што ќе резултира со поголема безбедност, но и спокој кај сите граѓани, истакна Калеска Ванчева.

Според неа, промовирањето на какви било поделби, по етнички, политички или други основи не е во интерес на граѓаните, ниту во интерес на пописот како исклучително важен за држаата, а храмот на демокатијата не треба да биде поле на безбројни пресметки на грбот на граѓаните, туку место каде ќе се носат решенија за нивните проблеми.

-Бојкотот опозицијата треба да го замени со вклученост во важните општествено-политички процеси, конструктивноста да ги победи бескрајните опструкции, интересите на граѓаните да бидат над теснопартиските интереси. Со процесот на деблокада на Собранието, на нас пратениците останува усвојувањето на законските решенија кои досега беа заглавени во Парламентот. Низ нормална и демократска атмосфера овде во законодавниот дом, очекувам дека ќе бидат донесени важни законски решенија како што е Законот за нов Клинички центар, имените на Изборниот законик, изборот на професионални состави на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за легализација на бесправно изградени објекти, како и законите кои овозможуваат задолжително пензионирање на 64 и 62 години старост, нагласи Калеска Ванчева.

Таа најави дека преку работни групи ќе се разговара за можностите за една изборна единица, отворени листи, како и гласање на дијаспората надвор од димпломатско-конзуларните претставништва.

-Како пратеници, како политичари имаме обврска да работиме во интерес на сите граѓани, без разлика дали гласале за нас или не, наша обврска е да им служиме на граѓаните, да и служиме на државата, посочи пратеничката од СДСМ.

извор: МИА

Next Post

Бионтек и Фајзер планираат да го зголемат производството на вакцини на 2,5 милијарди дози

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео НАСА на Јутјуб

Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

November 3, 2025

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk