Стејт Департментот во новиот извештај нотира дека Владата на Северна Македонија демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години. Според извештајот на Европската комисија земјата воспостави механизми за да се обезбеди судска независност и отчетност, вклучително и креирање правила за проверка на имотот и судир на интереси и утврдување дисциплински постапки.
Стејт Департментот нагласува дека извештајот на Европската комисија исто така забележала позитивни случувања, вклучително и усвојување на нов Закон за Јавно обвинителство и подобрувања во евиденцијата на земјата во борбата против корупцијата и организираниот криминал, исто така забележувајќи дека судството останува со недоволна доверба кај јавноста.
Во извештајот на Стејт Департментот за пренесува извештајот за подобрувања во сите затвори, вклучително и комплетната реконструкција на затворот во Битола, како и изградба на Поправниот дом за малолетни лица во Тетово и судница во затворот Идризово.
-Властите отворија нова здравствена установа во затворот Идризово со двајца лекари, три медицински сестри, еден стоматолог и еден стоматолошки техничар. И покрај ова, пристапот до задоволителна здравствена заштита останува проблем кој треба да се надмине, се наведува во извештајот.