ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Двете починати родилки од ковид-19 немале други заболувања, односите со Бугарија на најниско ниво, но има потенцијал за враќање на дебатата, вели Османи…

March 31, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Османи: Односите со Бугарија на најниско ниво, има потенцијал да се врати дебатата на нормална комуникација. Така е секогаш, изборите ги киднапираат нормалните политички дебати, но јас сум убеден дека во нашите односи има потенцијал да се врати дебатата на една нормална комуникација и меѓусебно почитување, рече Османи кој денеска се обрати на средба со новинарите по повод презентацијата на активностите и улогата на француската развојна Агенција во земјава.

Родилките кои починаа од ковид-19 немале други заболувања, едно бебе се бори за живот. Скопјанката е породена предвремено, десет недели пред термин. Донесена е од Инфективната клиника на 20 март и беше респираторно зависна. Веднаш по породувањето беше префрлена на КАРИЛ каде денеска почина. Бебето се уште е во животозагрозувачка состојба, односно на респиратор и е сместено на интензивна нега на нашата клиника“, вели Јовановска.

До добивање официјални препораки, Астра Зенека ќе ја примаат само лица над 60 години. Овие одлуки ги темелат на појава на многу ретки случаи на згрутчување на крвта, вклучувајќи и ретки случаи на тромбоза на церебрален венски синус кај лица кои ја примиле вакцината на „Астра Зенека“.

Беровскиот градоначалник Пекевски, демантира: Во ниту еден момент не сум ја злоупотребил службената положба. Тој истакнува дека станува збор за потпишување и склучување купопродажен договор од страна на Градоналачникот за продажба на градежно земјиште во Берово, а во сопственост на Република Северна Македонија, со површина од 53.513 м2 со правен субјект од дрвнопреработувачката индустрија.

Заев: Генерал Јанкович и целиот тим на канцеларијата на НАТО во Скопје своите професионални обврски ги извршуваа како вистински пријатели на Северна Македонија.

Груби: Отворени сме за средба со албанската опозиција.  Ќе продолжиме со нашите заедничи интереси и нашата подадена рака продолжува, нема никаква друга агенда, напротив, многу ми е жал за нивното одбивање за меѓупартиска соработка, посочи Груби.

Маричиќ за Еурактив: Свесни сме за слободата на медиумите, но мораме да следиме со какви пари се финансираат.  Затоа сме многу внимателни во однос на тоа што можеме да сториме и како ја следиме ситуацијата со медиумите финансирани од унгарски компании. Сите тие медиуми се про-опозициски медиуми и ние силно веруваме дека постои конекција со Груевски и неговите врски. Се разбира, тоа не е незаконски “, додаде Маричиќ.

Бруто надворешниот долг на крајот од четвртиот квартал лани 8.630 милиони евра. Зголемувањето на нето надворешниот долг во четвртиот квартал произлегува од зголемувањето на приватниот нето-долг за 262 милиона евра, во услови на пад на јавниот нето-долг за 14 милиони евра, стои во редовното статистичко соопштение на Банката.

Вакцината на „Фајзер“ безбедна за деца од 12 до 15 години. Во третата фаза од студијата учествувале 2.260 лица, на возраст од 12 до 15 години од САД, а вакцината предизвика силни реакции на антитела еден месец по втората доза – надминувајќи ги антителата развиени од луѓе на возраст од 16 до 25 години. Вакцината во моментот е одобрена во САД за итна употреба кај луѓе постари од 16 години, пишува Си-ен-ен.

Мицотакис: Мнозинството од грчкото општество има доверба во вакцините. Мицотакис и Сакеларопулу коментираа дека процесот на имунизација е позитивната и охрабрувачка вест за земјата, а грчкиот премиер истакна дека од април, кога на располагање ќе имаат повеќе вакцини, побрзо ќе може да се изгради ѕидот на имунитет.

И. Т. З. 
Next Post

ЕМА не утврди фактори на ризик за згрутчување на крвта во случаите по имунизацијата со АстраЗенека

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk