ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Каракачанов: Нека пишуваат што сакаат – каде никаквеците од Стејт Депарментот видоа македонско малцинство во Бугарија?

„Кое е ОМО Илинден – сите се на платен список на Скопје, тоа е платено ‘малцинство’, кое нѐ тераат да го признаеме“. Па уште налутено извика: „Какви репресирани Македонци има во Бугарија?! Некои пишуваат извештаи – нека пишуваат што сакаат. Нека воведат тие тексашко малцинството и аризонско малцинство. Политиката таму е да се интегрираат сите и да бидат Американци. Од каде тие да ја зајакнуваат својата државност, а ние ја кршиме“, рече бугарскиот министер за одбрана.

March 31, 2021 22:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делот од годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент во кој се зборува за етнички Македонци во Бугарија, предизвика силен излив на гнев кај Красимир Каракачанов, вицепремиер и лидер на тамошната партија ВМРО. „Властите продолжија да негираат регистрација на активистичките групи на етничките Македонци“, стои во првата реченица за слободата на здружувањето во Бугарија, пренесува Независен весник.

Оваа американска оценка не му се допадна на Кaракачанов:

„Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите и пишуваат така. Да ги прашам овие никаквеци во американскиот Стејт департмент какво е тоа македонско малцинство – тие гледаат некои извештаи од соросоидните организации и им даваат на невладините организации кои се хранат да ја плукаат Бугарија“, изјави Каракачанов за ТВ Пик, остро критикувајќи ги главните точки од извештајот на Стејт департментот.

„Кое е ОМО Илинден – сите се на платен список на Скопје, тоа е платено ‘малцинство’, кое нѐ тераат да го признаеме“. Па уште налутено извика: „Какви репресирани Македонци има во Бугарија?! Некои пишуваат извештаи – нека пишуваат што сакаат. Нека воведат тие тексашко малцинството и аризонско малцинство. Политиката таму е да се интегрираат сите и да бидат Американци. Од каде тие да ја зајакнуваат својата државност, а ние ја кршиме“, рече бугарскиот министер за одбрана.

Соединетите Американски Држави во овој извештај не само што наведуваат дека има етнички Македонци во Бугарија, туку и дека ним не им е дозволено да ги регистрираат своите здруженија. Во него се наведува дека бугарските власти и покрај пресудите на Европскиот суд за човекови права одбиваат да ги регистрираат здруженијата на Македонците во таа земја.

Интересно е дека има промена во односот на Вашингтон кон македонското малцинство во Бугарија. Во извештаите за 2018 и 2019 година стоеше иста реченица околу неговите права: „Властите продолжија да ја негираат регистрацијата на македонската активистичка група ОМО Илинден, и покрај јануарската пресуда и 10 претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањата ја нарушиле слободата на здружување на групата“. Во претходните извештаи тоа не се споменуваше.

Сега САД веќе зборуваат за македонско малцинство и неговите права. Во извештајот стои ова:

„Властите продолжија да негираат регистрација на активистички групи на етничките Македонци, како што се Обединетата македонска организација – Илинден, Друштво на угнетени Македонци, Жртви на комунистички терор и Клуб на македонска етничка толеранција во Бугарија, и покрај пресудата од мај и повеќе од 10 претходни одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права дека негирањата ја нарушиле слободата на здружување на групите. На 1 октомври, Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура изрази во привремена резолуција ‘длабока загриженост’ во врска со ‘формалистичката примена на законските барања’ на властите упорно одбивајќи ја регистрацијата на Обединетата македонска организација – Илинден и слични здруженија од 2006 година“.

Понатаму, во извештајот сместен во одделот за „граѓанските слободи“ се наведува и барањето на министерот за одбрана Красимир Каракачанов за забрана на две македонски здруженија:

„Во ноември 2019 година, јавниот обвинител постапи по жалбата на лидерот на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) и министер за одбрана Красимир Каракачанов за обидите на две здруженија, Цивилното здружение за заштита на основните индивидуални човекови права и античките Македонци, за создавање македонско малцинство . Главниот обвинител поднесе барање до судот за распуштање на здруженијата, обвинувајќи ги за политичка агенда што го загрозува единството и безбедноста на нацијата“.

Извор: Независен весник

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спектакуларен триумф, македонските фудбалери ја совладаа Германија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК: Излезноста на локалните избори до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Затворени избирачките места низ земјава, почнува броењето на гласовите

October 19, 2025

ДИК: Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk