ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Автогол на Александар Николовски во последната вмровска минута

Скопје, Курир 3 декември vs. Кралско семејство Лондон 3 декември

December 4, 2019 09:51
in ФРОНТ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Скопје 3 декември 2019 година. Еве го – Александар Николовски потпретседателот на ДПМНЕ и вмровски министер за надворешни работи во сенка, изнапикан во курирските визби и тапшан од јадните издишани пиарчичи на бившиот режим, еве го во интервју за Курир со наслов:

Николовски: Западните политичари се разочарани од Заев, се срамат што некогаш го поддржувале

Сега, погледнете го овој преплашен лик:

Александар Николовски, потпредседател на ВМРО-ДПМНЕ

Се сеќавате на овие румени обравчиња од овој ист Николовски од пред неколку дена од видеото со Бојко Борисов, што ја упропасти вмронската врхушка? Ви текнува ли дека и јаден Мицко имаше проблем кога дојде редот да го претстави Николовски пред Борисов, па завитка некој муабет кутриот, колку да му помине редот? Е, сеа, тој онаков јаден Ацкич се испетелил на Курир со интервјуто и дели лекции. Па вели: Заев ја губи поддршката од запад, па како западните лидери биле тотално разочарани од него па вели во интервјуто, цитирам:

Сите нека размислат кога Зоран Заев последен пат бил поканет во главен град во било која држава надвор од соседството, па мумла кутрото тоа да биле средби во главни градови, да биле билатерални средби, па прашува Николовски Ацкич – Кога последно бил Заев во Лондон, Мадрид…

И имаш ваков контраст:

Лондон 3 декември 2019 година, Самит на НАТО.

Истиот ден, истиот тој мајчин 3-ти декември, истата господова година кога излегува интервјуто од Николовски во Курир, со сите погоре искажани конструкции, тој мајчин Заев, со Димитров и Шеќеринска, како за инает ете ти ги баш во првоспомнатиот Лондон.

И види каква ујдурма му прават на Николовски овие од официјалниот Твитер профил на Кралската фамилија:

Официјална фотографија на нејзиното височество Кралицата, Принцот од Велс, Генералниот секретар на НАТО и (пази овде Ацки) лидерите од државите кои ја формираат Северно-Атлантската Алијанса.

Или во превод: Официјална фотографија на нејзиното височество Кралицата, Принцот од Велс, Генералниот секретар на НАТО и (пази овде Ацки) лидерите од државите кои ја формираат Северно-Атлантската Алијанса.

Ацки, ако ти треба помош, Ете го, тој „малиот“ што стои позади Доналд Трамп во друштво на премиери и претседатели, кралица и принц. Да, де, тоа е оној истиот за кој инсинуираш во интервјуто дека ја губи поддршката од светските лидери и дека тие биле разочарани од него. Како така бе Ацкич?

Заев: На здравје Јенс, уживај во вкусот на ова одлично македонско вино.

Има и друг твит, како е во друштво со Генералниот секретар Столтенберг, каде се во извонредно расположение, ама па не e фер да го постирам, ептен грев ме фати, не толку за тебе, колку за тие од силниот курирски ПР што ти ги подметнале одговорите, а богами и терминот за интервјуво ти го погодиле.

Во ист ден бе… 🙂 Автогол!

 

Заев: На здравје Јенс, уживај во вкусот на ова одлично македонско вино

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. 

Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

Next Post

Возови на батерии од следната година на пругите во Данска

Најново

Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk