ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Додека броиме „мртви и ранети“ од црните кампањи…

April 2, 2021 09:39
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА 

Никој со сигурност не може да каже колку пари се вртат во креирањето и ширењето на црните кампањи. Но познато е дека се работи за милионски суми и познати се центрите од кои произлегуваат вештините, искуството, тренингот, насоките…

Кампањите за дезинформации се ефективни и предизвикуваат долгорочни последици. Без нив, далеку помал ќе биде ефектот од секојдневните блокади на Парламентот за стопирање на правдата и одот кон Европа.

Одговарајќи на новинарско прашање пред некој ден, премиерот Заев многу пластично ја опиша состојбата со лажните вести, преку примерите како му почнала работната недела. Прво ја спомна лажната вест за здравствениот систем со наводната објава од д-р Докиќ, па дека тројца министри се вакцинирале преку ред, а веднаш потоа и дека се попишувале иселеници без македонско државјанство. Лажни вести во серија, на самиот почеток на работната недела.

Ако само малку повнимателно се загледа човек, најмалку по пет-шест лажни вести и пропагандни содржини дневно се „продаваат“ како вести во медиумите и социјалните мрежи. Секој ден, од утро до полноќ, а понекогаш и по полноќ. Посебна специјалност им е терминот доцна навечер, во пресрет на викенди и празници.

И така со ред, веќе со години. И во моментот кога се пишува овој текст (четврток, 1 април), на крајот од уште една недела во нашите животи, ако се свртиме на деновите зад нас, ќе наидеме на густа шума од лажни вести, дезинформации и говор на омразата, често толку вулгарни и апсурдни што на човек му станува гадно. А ако ги остави, тие се шират како вирус. Ако тужи, ќе се измалтретира. Да чека на институциите (обвинителство), бадијала…

Лажните вести, ако не ги започнат, тогаш сигурно ги запечатуваат цели пратеници, бивши министри во владата на Груевски, а сегашни високи функционери на партијата. Премиерот го спомна талентираниот Антонијо Милошоски (на Твитер и: Македонски) како еден од главните дистрибутери за тој ден. Во име на „дијалогот“ и „откочувањето“ на демократските процеси, тоа се смета за „слобода на изразување“…

И знаеме дека, всушност, целата партиска врхушка, на чело со првиот човек на партијата, се креатори на лажни вести, дезинформации и говор на омразата. И Европскиот парламент објави студија каде што Мицкоски е посочен како извор на дезинформации (Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив). А за талентираниот Милошоски е познато дека се појавува и како алијас во некои интернет портали. Ако не се лажам, еднаш и направи интервју самиот со себе. И не саде тие и не саде тука. Со нив се натпреваруваат и други, помали, но не помалку отровни поединци и групи.

Сè си знаеме. Ете, министри, па и цел еден премиер се жали на лажните вести. А прашањата „како, кој и кога“ ќе се справи со дивата лавина од кампањите за дезинформирање на јавноста и директното загрозување на јавниот интерес, а во голем број случаи и на безбедноста, некако веќе и никој не ги поставува. Сите с(м)е заглавени во дневните реакции на поединечните проектили лансирани од пропагандните центри, броиме „мртви и ранети“, лечиме колку што можеме и како што умееме. Но се чини дека „битката“ е залудна…

Сè повеќе луѓе избираат теории на заговорот и сензационални наслови, наместо информации и факти. Сè повеќе луѓе забораваат на основните правила на пристојноста и избираат да бидат вулгарни и лигави. Може ли полошо од ова? Може, може! Секогаш може полошо!

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЦИВИЛ со два бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост

НАЈНОВО

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

Откриени нови детали за двојното убиство и самоубиство во Велес

September 16, 2025
Фото: Канцеларија на гувернерот на Јута

Осомничениот Робинсон признал на Дискорд дека го убил Чарли Кирк

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk