Откако вчера си призна вина за случајот „Рекет“, бизнисменот Зоран Милевски Кичеец, денеска во 12.00 часот ќе ја слушне пресудата, пренесе Слободен печат.
Тој е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години, но наводно може да помине и со условна затворска казна.
Првообвинетиот Бојан Јовановски Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се изјанија за невини.