ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Пропаднати и гадни

Ние имаме читатели, не ботови. Нашите лајкови се од слободни луѓе, не од робови.

April 4, 2021 11:27
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Денеска би сакал да споделам неколку кратки размислувања и да документирам неколку објави на Фејсбук и Твитер за кои мислам дека добро ја отсликуваат состојбата во дел од јавните комуникации.

Поттикнат од гадостите што ги пишуваат троловите и онлајн милитантите на партиите со криминално минато и сегашност, како и оние што се понесени од хистеријата слична на таа што ја предизвикуваат рамноземците, антиваксерите и КјуАнон-овците, напишав:

Ние имаме читатели, не ботови.
Нашите лајкови се од слободни луѓе, не од робови.

Искрено, не очекував толку многу позитивни реакции, особено на Фејсбук, но секако очекував да бидам нападнат од „базата“ на анонимни насилници кои се лишени од било какво чувство на пристојност и одговорност за напишаниот збор.

И најпогрдните зборови за однесувањето на онлајн насилниците се благи. Најчесто, мојот одговор на нивното долгогодишно дивеење и онлајн линчот против прогресивните луѓе не ги преминува границите на пристојноста. Воедно, јас навистина немам потреба да се занимавам со нив, бидејќи мојата работа се нивните газди, а не милитантите и оние што од себе прават будали во јавниот простор.

Ако сакате да видите кои се робови, а кои се слободни луѓе, гледајте како коментираат. Пропагандистите, иако анонимни, повеќето знаеме кои се: ГИ ИМА НА ПАРТИСКИ СПИСОЦИ. Некои се платени, повеќето не. Сите заедно се вулгарни и полни со омраза и глупост. Како ли живеат со себе?

Понекогаш, многу ретко, на дивјаците во онлајн просторот им упатувам и директна порака како оваа:

Знам, вистината боли, но треба да се соочите со себе и со својот гној, за да се излечите еден сончев ден. Инаку, не ви се лутам, го газите сопственото достоинство. Ако го имате.

И навистина не можам да им се лутам. Па тоа е нивното достоинство, не моето. Јас не газам по своето достоинство, тие го прават тоа врз своето. Многу се долу во калта за да можат да дојдат до нивото кое го држат разумните, пристојните и прогресивните луѓе.

Партиската солдатеска и оние што мислат дека се „независни“, а дејствуваат во истата насока, се обични пропагандисти во корист на груевизмот (што и да подразбирате под тоа, точно е). Погледнете само еден факт:

Деновиве, Грујокоптер пак го растурија на составни делови. Сам си го бараше. Мајка му и тој приватно се возеа со хеликоптери, а ги користеа и за партиска пропаганда, но тој излажа дека никогаш не се качил на хеликоптер.

Погледнете со што се занимаваат неговите слуги на Фејсбук и Твитер деновиве, за да ви стане јасно како и зошто се поврзани и во што се состои нивната борба.

Навистина, нема зошто да се спуштаме на нивото на обични криминалци какви што се и некои претседатели или функционери на политички партии, а за нивната солдатеска и да не говорам. Трошат наши пари што ги украдоа за да ја манипулираат јавноста. Нечесно, многу нечесно!

Но… Без оглед на тоа до кои позиции ќе се доберат, газејќи преку лешеви, тие секогаш ќе останат пропаднати и гадни ликови. Толку за денеска.

 


Creative Commons 4.0

НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Next Post

Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро за време полициски час, ќе следи кривична пријава

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk