ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски-Лукаревска: Со зајакнатите контролни механизми на УЈП до објективни контроли, спречување на даночно затајување и корупција

April 5, 2021 16:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и со началниците на  регионалните дирекции на УЈП. На состанокот се разговараше за улогата на УЈП во спречувањето на затајување на данок и корупција, преку зајакнатите контролни механизми.

Вицепремиерот Николовски, ги презентираше мерките од Планот за борба против корупција, со посебен акцент на мерките со кои преку дигитализација се елиминира човечкиот фактор и субјективноста при реализација на контролите.

„Со активно вклучување на сите надлежни институции, ќе имаме и позитивни резултати во исполнување на мерките од усвоениот План за борба против корупција, ќе покажеме дека со системски мерки и неселективност во постапките, може да се спречи корупцијата и даночното затајување. Дигитализацијата и елиминирањето на човечкиот фактор при контролите,  се само дел од механизмите за спречување корупција. Планот за борба против корупција, содржи  18 системски мерки, со кои влегуваме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. УЈП преку своите контролни механизми има значајна улога во целиот процес“, посочи вицепремиерот Николовски.

Директорката на УЈП, Лукаревска, ги претстави механизмите и системите со кои располага Управата.

„Управата за јавни приходи согласно надлежностите и капацитетите со кои располага е особено важна алка во процесот на детектирање и рано откривање на незаконитото однесување и постапување на даночните обврзници. На пример Софтверот за евалуација на ризици овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз основа на однапред утврдени ризици.

Со овој софтер се елеминира човечкиот фактор при избор на даночите обрзници за контрола“, рече директорката Лукаревска.

На состанокот беше презентирано функционирањето на Системот за електронско следење на системите за игри на среќа, како и  начинот на вршење на контролите од страна на даночните инспекторати.

Во рамки на посетата на УЈП, вицепремиерот Николовски и директорката Лукаревска,  одржаа работен состанок и со началниците на регионалните дирекции на УЈП, на којшто се разговараше нивната работа на терен и  нивните предлози во делот на контролите и подигањето на јавната свест за бенефитот од редовното плаќање на даноците кон државата.

Next Post

Филипче: Дополнителните рестриктивни мерки се со цел епидемиолошката слика дополнително да стивне

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk