ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дискусија: Инсталирање на најдобри достапни техники во индустријата и мониторинг на состојбите – најдобри механизми за намалување на загадувањето

April 5, 2021 16:37
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мониторингот на состојбите, инсталирање на најдобрите достапни техники во индустријата согласно Директивата за индустриски емисии и спроведување на Стратегии за подобрување на квалитетот на воздухот се најдобрите механизми за намалување на загадувањето на воздухот.

Ова беше посочено на денешната дискусија од претставници на повеќе граѓански организации, на тема „Одредување приоритети за спроведување на зелената агенда за секторите биодиверзитет и намалување на загадувањето на воздух, вода и почви“, во рамките на Националната конференија за клима.

На дискусијата исто така беше посочено дека плански документи за директна акција во однос на загадувањето на воздухот имаат само три општини – Скопје, Битола и Тетово. Тие се веќе дури и застарени, а од нив е имплементирано едвај 10 проценти. Како директна последица, немаме сеопфатна стратегија на локално ниво.

Во однос на водите, главни приоритети се инвестирање во пречистителни станици и за земјоделството и за урбаните отпадни води, но и мониторингот на водите кој пак бара соодветна инфраструктура.

Петра Поп Ристова од „Милиеуконтакт Македонија“ на дискусијата посочи дека земјоделството е еден од најголемите загадувачи на водата. Според Поп Ристова, ние си правиме самите на себе штета, преку понирање на водата во подолните слоеви на почвата, тоа повторно ни се враќа преку храната.

Во однос на почвите, еден од првите приоритети е Закон за почви, кој би ја уредил реставрацијата на почвите. Исто така, еден од приоритетите е и одржливото производство на храна.

Ана Чоловиќ-Лешоска од „Еко-свест“ се осврна на конфликтите меѓу заштитата на биодиверзиетот и постигнувањето повисоко учество на обновливите извори во производството на енергија.

-Треба да се прави длабок скрининг и енергетско просторно планирање, посочи таа.

Според независниот експерт Сашо Петровски – претставник од РЕФОРД, потребен е редовен мониторинг на состојбата на шумските екосистеми, зајакнување на соработката на истражувачките институции, зајакнување на мерките за заштита на шумите од абиотски и биотски фактори и постојана работа на зајакнувањето на свеста кај луѓето за одговорност кон шумските екосистеми, пред се, во заштитата од пожари.

Целта на работилницата е да се спроведе консултација меѓу организациите за нивните ставови за приоритетните активности во секторите заштита на биолошката разновидност и намалување на загадувањето на воздухот – два од петте солба на Зелената агенда за Западен Балкан на чие спроведување земјава се обврза со потпишувањето на Софиската декларација.

Националната конференција за клима ја организираат „Еко-свест“, CNVP и Движењето на еколозите на Македонија.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Прва надзорна посета на Комисијата за надзор на работењето на АНБ и АР

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk