Maserati се подготвува за брза трансформација во една нова ера, ера на електрификација, во која сепак сака да го задржи својот препознатлив рецепт за уникатни спортски автомобили кои и натаму ќе бидат предизвик за многу купувачи низ светот.
Италијанскиот бренд го засилува темпото и во однос на својата промоција, па веќе започна соработка со поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, кој ќе биде нов глобален амбасадор на актуелните и новите модели на овој производител.
Како глобална спортска икона и бизнисмен, Бекам се совпаѓа со профилот на луѓе кои во иднина би се одлучиле за Maserati, помагајќи му да го претстави својот микс на луксуз и перформанси на сите континенти.
– За мене е навистина возбудливо да ја започнам оваа соработка со Maserati, легендарен италијански бренд кого навистина го почитувам поради иновативноста и дизајнот. Очекувам нашата соработка да му помогне да дојде до што подобра позиција на глобално ниво, – изјавил Бекам за партнерството со Maserati.
Почетокот на соработката е одбележан и со промотивно видео во кое Бекам е зад воланот на Levante Trofeo.
извор: аутофокус.мк