Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Според германските медиуми, елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите не е причина за тоа, туку меѓучовечките односи во клубот, кои се лоши, пренесува „Спорт клуб“.
Поточно, Флик има конфликт со спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ од минатото лето, бидејќи не му дозволи да се врати во клубот на Марио Геце, но не му ни донесе засилувања во средниот ред, кои ги бараше.
Покрај тоа, челниците на клубот сакаат да го предложат Ханси за иден селектор на германската репрезентација, бидејќи Јоаким Лев ќе ја напушти таа позиција по завршувањето на Европското првенство. Познато е дека Баварците сакаат да имаат влијание врз националниот тим.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше споменуван како главен кандидат за тренер, но бидејќи тој има чврст договор со клубот, тој самиот рече дека не е можно да ја промени средината, така што таа опција отпаѓа.
Новинарите во Баварија веќе пишуваат за потенцијална замена за Флик, а најголеми шанси засега има тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман.