Според неофицијални информации, утрово е приведен Драги Рашковски. Полицијата го спровела, по наредба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција. Со Рашковски е приведено уште едно лице.
Рашковски е обвинет за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, вели нашиот извор. Според неофицијалните информации Обвинителството побарало притвор за Рашковски.
Рашковски пред неколку дена си поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Премиерот Зоран Заев ја прифати оставката.