ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И лани најмногу претставки од граѓаните до заменикот народен правобранител за правосудството

April 17, 2021 14:01
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните од десетте општини од Југоистокот на државата и општините Берово и Пехчево и лани како и во 2019 година поднеле најмногу претставки кај народниот правобранител во Подрачната канцеларија во Струмица од областа на правосудството.

– Граѓаните се незадоволни од постапките по поднесени тужби до Управниот суд поради одолговлекување на постапките и не се донесуваат мериторни одлуки по тужба и често потребно е подолг период за предавање на комплетниот предмет со известување за правосилност за одлуката на првостепен или второстепен орган за повторно одлучување. Во управни постапки по укинати одлуки од второстепен орган или Управен суд, првостепените органи повторно донесуваат идентични одлуки, решенија без придржување кон насоките и укажувањата на повисоките органи. Карактеристично е дека по интервенција на Народниот правобранител повеќето органи, судови и други институции донесуваат одлуки и постапуваат по укажувањата што е очигледно од датумите на донесените акти и преземените дејствија и мерки, информира Славчо Тимов, заменик народен правобранител.

Во Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Струмица лани биле примени повеќе од 430 граѓани, кои поднеле 131 претставки, од кои 117 или околу 95 отсто се завршени, за 5 претставки постапката е завршена во јануари 2021 година, а по останатите 9 претставки постапката е во тек.

По претставките од правосудството, на второ место се тие од областа на имотно-правните односи, потоа од пензиско и инвалидско осигурување, урбанизам и градежништво, потрошувачки и други права. Забележани се и три претставки од областа на избирачкото право, а најмалку, само една, има од животната средина.

Заменикот народен правобранител, Славчо Тимов, наведе повеќе карактеристични случаи по кои интервенирал, а издвои еден од областа на пензиското и инвалидското осигурување.

-Граѓанин од Струмица поднел барање до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија за повторување на управната постапка и донесување ново решение за висината на пензијата, а врз основа на Законот за измени и дополнување за служба во АРМ. Поради фактот што повеќе од 6 месеци надлежните служби при Фондот во Скопје не донеле ново решение, подносителот се обрати до Народниот правобранител. Во рамките на покренатата постапка беше доставено укажување во кое беше нагласено дека со секое понатамошно одолжување на постапката по поднесеното барање на подносителот, се прави повреда на неговите законски права. По ова, Укажувањето беше прифатено и подносителот го доби бараното ново решение по што телефонски се обрати до канцеларијата на Народниот правобранител во Струмица за да ја искаже благодарноста за укажаната помош, посочува Тимов.

Инаку, заради пандемијата од Ковид-19 во 2020 година намален е бројот на поднесени претставки за разлика од претходната година, но бројот на јавувања на граѓани за правна помош и совети по пошта, телефон и електронска пошта е зголемен.

извор: МИА

Next Post

Виенскиот економски институт предвидува раст од 4,1 отсто за Северна Македонија

НАЈНОВО

Во Јадро изложба „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“

October 27, 2025

ВЛЕН: Левица „сламката за спас“ на НАИ!

October 27, 2025
Генерирано со ВИ

Минхен влезе во трката за домаќин на Олимпијадата 2036 по успешен референдум

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk