ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Фејсбук“ да го откаже планот за детска верзија на Инстаграм, бараат експерти за јавно здравје

April 18, 2021 14:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Кампањата за без комерцијално детство“ упатила писмо до извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, во кое го повикува да ги откаже плановите за лансирање на верзија од социјалната мрежа Инстаграм која ќе биде наменета за деца под 13 години.

Писмото е потпишано од 99 организации и поединци-експерти за јавно здравје, кои тврдат дека „платформата опседната со слики е штетна за здравјето и приватноста на децата“, пренесе „Би-би-си“.

Писмото доаѓа откако во медиумите проструи веста дека „Фејсбук“ работи на развивање „детска“ верзија на Инстаграм, која ќе им дозволи на децата помали од 13 години безбедно да ја користат оваа платформа. Според сегашните околности, на апликацијата на Инстаграм можат да се приклучат само лица кои имаат наполнето 13 години.

Поборниците за јавно здравје велат дека немилосрдниот фокус на платформата кон изгледот, самостојното претставување и брендирање претставува вистински предизвик за приватноста и благосостојбата на адолесцентите, па за малите деца би бил уште подеструктивен.

„Помладите деца се уште помалку развојно подготвени да се справат со овие предизвици, бидејќи тие допрва учат како да се справуваат со социјалните интеракции, пријателства и нивното внатрешно чувство за силните страни и предизвиците за време на овој клучен дел од развојот. Покрај тоа, малите деца се многу попредвидливи од страна на алгоритмот за тоа каде можат да кликнат следно и ние сме многу загрижени за тоа како автоматското донесување одлуки ќе одреди што гледаат и искусуваат децата на детската платформа на Инстаграм“, пишува, меѓу другото, во упатеното писмо до Закерберг.

Во писмото е цитирано и истражување од британското Кралско друштво за јавно здравје, кое ја оценило Инстаграм како најштетна социјална платформа по менталното здравје на младите. Во истражувањето се вели дека Инстаграм е поврзан со зголемен ризик за нарушувања во исхраната, сајбер-насилство и заведување.

„Децата и тинејџерите, особено младите девојчиња, научија да ги поврзуваат нивните претерано сексуализирани и монтирани фотографии со поголемо внимание на платформата и поголема популарност помеѓу нивните врсници“, стои во писмото.

Од компанијата „Фејсбук“, во чија сопственост е Инстаграм, тврдат дека новата апликација би била безбедна, но и управувана од родителите.

„Децата се веќе онлајн и сакаат да се поврзат со нивните семејства и пријатели, да се забавуваат и да учат. Сакаме да им помогнеме да го сторат тоа на начин кој е безбеден и соодветен за нивната возраст, но и да најдеме практични решенија за тековниот индустриски проблем на децата кои лажат за нивната возраст со цел да добијат пристап до апликациите“, велат од „Фејсбук“.

Од гигантот за социјални медиуми додаваат и дека започнале да го истражуваат Инстаграм искуството наменето за деца, кое ќе биде соодветно за нивната возраст.

„Се согласуваме дека секое искуство што го развиваме мора да им даде приоритет на безбедноста и приватноста на децата и ќе се консултираме со експерти за детски развој, безбедност на децата и менталното здравје. Исто така, нема да прикажуваме реклами во ниту едно искуство на Инстаграм кое го развиваме за лица под 13 години“, додаваат од „Фејсбук“.

Освен апликациите на „Фејсбук“, критики за нарушување на приватноста на децата од разни страни стигнуваат и до платформата за кратки видеа ТикТок, како и до „Јутјуб Кидс“ – верзијата на Јутјуб наменета за деца.

извор: Мета.мк

Next Post
Бранко Тричковски

Македонија не е Федекс

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk