ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Македонија не е Федекс

April 18, 2021 14:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Тие мислат дека Македонија е складиште на Федекс.

Во кое можат да потепаат милион-два милиона луѓе, но не да се самоубијат.

Туку да дојдат на власт.

На каква власт?

На чија власт?

Стоко!

Тие мислат дека Македонија е Мис Стон.

Жена која можат да ја грабнат и да ја ебаваат по планините.

И освен невиноста да и ги земат и парите.

Тие го доживуваат вирусот како божјо послание и поддршка во нивната битка за власта со помош на смртта.

Сопствените шанси за власта ги сметаат за правопропорционални на количествата на смртта: Колку е помртва Македонија, тие се поблиску до целта.

Тие мислат дека Македонија е Гвадалкивир, брод на кој ќе го преземат кормилото откако ќе го потопат.

И затоа секој ден во секој поглед напредуваат во отворањето на нови дупки.

Не постои национална и државна оплата што не можат да ја пробушат со бургиите на злото.

Слави Трифонов е висококапацитиран забавувач со политичка хемија, еве го дојде во ситуација да решава за судбината на Бугарија. Јас мислам дека со Слави на местото премиер ќе загубат и политиката и забавата, но, тој е несомнено човек чија комуникација со хората и во политичкиот и во забавниот дел има реални измеренија, тој е фактор на реалните возбуди на граѓанството независно од тоа дали ќе ги спаси луѓето или ќе ги насамари, како што мене ми се чини, но друго ми беше зборот, тој Слави е како Толстој за нашиот идиот кој нема друга работа освен да глумата селско трампче потсетувајќи го на својот твитер профил, секое сабајле, Македонецот колку му е лошо  и колку може да му биде добро под власта на будалите. Ништо друго. Ако треба да го бутнеме Заев јас сум за тоа Слави да го поканиме за премиер. Не се заебавам. Ако тој предлог не се прифати, а Жмицко дојде на чело на извршната власт, јас индивидуално ќе го изберам Слави за свој премиер.

Освен тоа, Слави стигна да го измете вмро од бугарската политичка маса. Неговиот бугаромакедонизам е на друго ниво. Можеби не помалку лош за Македонија, но  носи поголеми шанси да се случат некакви пробиви, макар што, можеби, во моментот не изгледа така.

Македонија нема да биде тема на бугарското собирање, туку тема на бугарската катарза. Бугарија ќе биде тема на македонската катарза. Косово на српската, НДХ на хрватската, Јанша и словенечките будали на Словенија.

Тоа е мојот нон-пејпер.

Но, ние тука треба да се запрашаме: како е можно нацијата да ја влечат за носот и да ја прават блесава, пет души лудаци, не само политички, туку и медицински лудаци, на најпримитивната платформа од три фрази и десет збора. Како е можно политичката структура која го искасапи лицето на нацијата, да ги темели амбициите врз својата морална супериорност, како е можно структурата која го приватизира правото и правната држава и државата како таква, да се јавува како демократска алтернатива, како е можно никој, ама баш никој да не реагира на дебелиот газ на таа структура кој седи врз јастукот што го ставила врз главата на Македонија и ја гуши, секој ден на секоја тема, во секој поглед. Како е можно омразата кон Заев да е поголема од опасноста да ти ја пресечат главата и да те ебат додека не истинеш.

Кога ја гледам комоцијата на луѓето, нивното удобствие во кое се борат или дури уживаат во расправата меѓу сдсм и вмро, мене ми доаѓаат охрабрувачки сигнали кои ми велат, Тричко, не се секирај, ова е борба за власт и ништо повеќе, освен тоа не можеш на луѓето да им забраниш да бараат и да очекуваат повеќе.

Па, не им бранам.

Кој сум јас да им бранам?

Освен тоа и јас очекувам повеќе.

И подобро.

Јас дури не ја исклучувам и смртта како подобро решение.

Обаче, не стават така работите.

Слави Трифонов вели дека „ГЕРБ е токсична партија“ која треба да исчезне од бугарската политичка сцена. Таа токсичност, поткрепена со токсичноста на вмро, имаше особено отровно дејствие врз Македонија. Кај нас во Македонија сите партии имаат одредено токсично дејствие, но смртоносно има само една партија: вмро-дпмне!

Многу е важно вмороните да допрат до такво сознание.

Да се откажат, додека не е доцна, да учествуваат во масакрот во Македонија како складиште на Федекс.

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk