ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерство за образование: Државата ќе обезбеди пристап до електронски уреди за секое дете, но ќе се негува и навиката на читање книги

April 18, 2021 19:15
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на дигитализација на образовниот систем наметнуваат низа прашања. За жал, пристап до електронски уреди (компјутери, лаптопи, таблети…) немаат сите. Во врска со ова прашање од Министерството за образование брифираат дека секое училиште ќе има обврска да обезбеди потребната количина ИТ уреди (таблет компјутери) кои ќе даваат на користење на учениците кои во своите домови немаат услови, односно не поседуваат електронски уред за употреба на дигиталните учебници.

„Ова значи дека државата ќе биде одговорна секое дете да има пристап до уред“ – нагласуваат извори од министерството.

Според податоците со кои располага МОН, добиени од училиштата, над 90% од учениците во моментов се вклучени во онлајн настава, а недостигот на електронски уред е предизвик за околу 4.000 ученици од сите одделенија. Ова е 10-кратно намалена бројка од првичните проценки за бројот на ученици кои немаат електронски уреди од почетокот на учебната година.

„Оваа бројка ќе ја сведеме на нула за многу кратко време“ – велат од МОН.

Според планот на МОН, заштедата на средства по основ на печатење на учебници, ќе се реалоцира за поддршка на општините за набавка на електронски уреди токму за овие ученици, односно за учениците од социјално загрозените семејства.

„Учениците од прво до трето одделение секако ќе добиваат хартиени учебници, бидејќи токму тоа е период во кој децата го развиваат односот кон книгата“ – брифираат од МОН.

Доколку, од било кои причини, некој ученик не е во можност да ги користи електронските учебници, училиштата имаат должност да ги отпечатат и во хартиена форма да им ги доделат.

„Едноставно, материјалите за учење ќе му бидат достапни на секој ученик“ – категорични се изворите во МОН.

Учениците може и самостојно да си печатат дел од материјалите или цели книги доколку тоа го сакаат. Авторските права сега се на МОН и секој може да печати делови или целосно според своја желба.

„Реформите во образованието не се состојат само во замена на хартиените учебници со електронски“ – велат од МОН.

Прво, се зголемува времето поминато на училиште, имајќи предвид дека нашите ученици минуваат 900 часови помалку на училиште отколку учениците од развиените земји. Идејата е децата да ја совладуваат наставната материја во училница, преку интеракција со наставниците, а помалку да работат дома со родителите, додека учебниците треба да им послужат само за потсетување на веќе поминатата материја.

Второ, согласно концептот за изработка на учебници и дидактички материјали, новите материјали за учење треба да наметнат учење со разбирање наместо фактографско учење. Тоа значи дека содржината се намалува, а се посветува внимание на квалитетот и на податоци и факти кои се лесни за помнење и применливи во секојдневието. Така што, нема да треба многу листање на учебниците и неколку пати враќање наназад за да се научи тоа што се чита. Учениците полесно ќе учат а со тоа и помалку време ќе треба да поминуваат во учење.

Трето, новите генерации растат во дигиталната ера на ИТ технологијата која е составен дел од животите на најголем дел од нив. Така што, користењето на таа технологија за учење, стекнување на навики кај децата истата да ја користат за пребарување, истражување и учење е, всушност, многу голема придобивка и градење на добар однос со технологијата и интернетот. Оваа учебна година учебниците се достапни во електронска верзија токму на барање на учениците.

Што се однесува до градењето однос кон книгата, предност е што децата од прво од прво до трето одделение ќе имаат печатени учебници токму од тие причини. Лектирите, исто така, остануваат во печатена верзија во сите одделенија за учениците да ја негуваат навиката на читање книги.

„Не постои ограничување за печатење на учебниците, кој сака може да има отпечатен учебник и тоа да го направи самостојно или тоа да го направи училиштето за нив“ – се вели во брифингот на МОН.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk