Повеќе од 800.000 луѓе излегоа на улиците на првиот ден од протестот.
Штрајкот по повод планираната реформа на пензискиот систем ја парализира Франција, а денеска е втор ден од масовните демонстрации.
Протестите кои почнаа вчера ги одбележуваат луѓе во црвени елеци, како пандан на претходните протести кои исто така ја парализираа Франција, а беа наречени жолти елеци.
Неколку синдикати, вклучително и работниците во железницата и метрото, гласаа за проширување на штрајкот, а земјата останува парализирана.
Инциденти се забележани во повеќе градови.
Работниците се незадоволни од најавената пензиска реформа – затоа што по најновите правила луѓето подоцна би заминувале во пензија или пак таа би била пониска.
Претседателот Емануел Макрон смета дека со новите измени пензискиот систем би бил поправичен, би се изедначиле оние кои работеле во приватен со оние од јавен сектор, а во моментот постојат 42 различни шеми по кои се исплаќа пензијата.
Железничарите изгласаа продолжување на штрајкот, а синдикатите на автобускиот и метро превозот велат дека ќе штрајкуваат барем до понеделник.
За денеска откажани се бројни релации со воз, а 10 од 16 метро линии не работат, додека останатите имаат намален број поаѓања, пренесе Ројтерс.
Сообраќајните колони се подолги од 350 километри на главните патишта и околу престолнината.
Бројот на авио-летови е намален, а се очекува многу да останат затворени. Штрајкуваат и медицинските работници по болниците.
Макроновата влада планира за викендот да се занимава со штрајкот.
На демонстрациите во популарните туристички места и Париз имаше немири, па Ајфеловата кула денеска е затворена за посетители.
Во главниот град се забележани неколку насилни инциденти, а полицијата употреби и солзавец да ги растера демонстрантите.
Уапсени се вкупно 71 демонстрант во градот, соопшти полицијата. Пријавени се судири и во Нант, Бордо и Рен.
Штрајкуваат и учителите, превозниците, полицијата, адвокатите, медицинскиот и аеродромскиот персонал.
Многу други работници самоиницијативно им се придружија.
Официјалната старосна граница за пензија во последната деценија се менуваше од 60 на 62 години, но и понатаму е една од најниските во Европа, на пример во Велика Британија таа од до 66, а треба да се помести до најмалку 67 години.
Premières barricades montées, plusieurs petits départs de feu (trotinettes électriques), la manifestation ne semble pas prête de démarrer à Paris#5decembre pic.twitter.com/H28JcauSDo
— Ludovic Séré (@Indielistic) December 5, 2019