Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски е оптимист дека денеска конечно ќе се бира новиот државен ревизор. Тој изјави дека има доволен обем на информации кои му даваат право да е оптимист дека после неколку месеци одложувања денеска ќе се помине оваа тема.
Освен државниот ревизор, Димовски се надева дека на денешната седница на комисијата закажана за во 15:00 часот ќе се изгласаат и повеќето од другите точки како што се комисијата за класифицирани информации, Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги, комисија против дискриминација и други.
Тој рече дека не може да одговори со сигурност дали сите точки ќе се изгласаат бидејќи никој нема стабилно мнозинство во комисијата, а одредени пратеници гласаат различно во различни ситуации и по различни точки.
На денешните закажани седници, Димовски рече дека ќе предложи и точка за да не и се даде апанажа на Катица Јанева, со образложение дека таа не била избрана од Собранието туку од Советот за Обвинители, а законодавниот дом бил само предлагач на кандидатите за специјални обвинители.
А.Зеќири