ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Ако сме за НАТО, Собранието на 11 декември да го донесе законот за одбрана

- Ова особено се однесува на ВМРО-ДПМНЕ кое до ден денеска молчи на оваа крупна тема, порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

December 6, 2019 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска смета дека ако, ако се залагаме за членство во НАТО, неопходно е прво да се донесе законот за одбрана кој е клучен за нашето членство и кој е ставен на дневен ред во Собранието на 11 декември, а ќе биде неодговорно да зборуваме за ратификација, а да не си ја завршиме домашната задача.

– Ова особено се однесува на ВМРО-ДПМНЕ кое до ден денеска молчи на оваа крупна тема, порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
-Ако зборуваме, ако се залагаме за членство во НАТО, ако се радуваме за тоа дека најпосле државава го реализираше својот тридецениски сон, ги повикувам да направат барем едно нешто за нашето НАТО членството, а тоа е да го поддржат законот за одбрана, кој ќе ни даде шанса ако не дај Боже ни треба, да можеме да се потпреме на НАТО, и кој ги вградува принципите на колективна безбедност во нашиот закон. Без тој закон ќе биде неодговорно да се зборува за ратификација, а при тоа да не се завршува домашната задача. Владата е уверена дека ние ќе успееме да ја завршиме ратификацијата на нашиот НАТО протокол навреме, рече Шекеринска на новинарско прашање по  доделувањето на сертификатите и промоцијата на Упатството и Водичот за заштита од вознемирување на работно место во Армијата и во Министерството.
Таа додаде дека во разговорите со шпанските колеги добиле уверување дека ратификцијата од страна на Мадрид ќе се случи многу брзо по формирање на шпанската Влада, и оти процесот ќе финишира на почетокот од 2020 година. Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за ратификација на Протоколот за НАТО во нашето Собрание, без да се сочека ратификацијата од Мадрид, според неа, е партиска злоупотреба на темата.
– Тоа ќе ни даде шанса нашиот Парламент да не ратификува на жими мајка туку онака како што треба откако сите 29 земји членки тоа го направиле. Во оваа држава многу често ни се случило да мислиме дека сме ја завршиле работата и тоа да не се случи, и затоа се луѓето загрижени. Овој пат сакаме да чекориме на цврсто и затоа сметаме дека апсолутно ова е само злоупотреба и обид една извонредно добра вест да се покрие со 1001 дилема. На 11 декември Парламентот го има вистинскиот начин и вистинскиот инструмент како да покаже дека се сите обединети околу НАТО членството. Ги поканувам сите оние до денеска не кажаа ниту еден збор против законот, не дадоа ниту еден амандман да престанат да теоретизираат за НАТО и да го користат за партиски злоупотреби туку да направат едно нешто што им го должиме на граѓаните – да го поддржат тоа НАТО членство. Ратификацијата ќе се случи многу брзо, изјави Шекеринска.
Next Post

Девет круга институционално – политички пекол

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk