ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската дебата за интерпелацијата на Спасовски

April 26, 2021 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на која се расправа за интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и најавија интерпалација за претседателот на Собранието Талат Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ избега од дебата со Спасовски, свесни за одличните резултати на полицијата, за бројките на анкетите каде полицијата е со најголема доверба кај граѓаните. Сите бројки што се официјални покажуваат дека криминалитетот опаѓа, а пред фактите нема одбрана па затоа ВМРО-ДПМНЕ како божем неискусни одбраа намерно да избегаат од дебата, криејќи се зад процедурална грешка.

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го обвини Џафери дека бега од одговорност со самото тоа што не дозволува опозоцијата да зборува на седницата, како за денешната интерпелација како и за двете други отфрлени интерпелации, според него, сè уште се активни за вицепремиерот Љупчо Николовски и за министерот за правда Бојан Маричиќ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери повтори дека опозицијата е сама виновна за претходните две интерпелации бидејќи барале да се тргнат од дневен ред, и како што кажа има процедура како да се вратат. -И трето, јас со задоволство ќе ја пречекам вашата интерпелација за мојата функција претседател на Собранието затоа што јас сум претседател на Собранието и овде не работам по ќефот на пратеничките партии туку спроведувам Деловник што ме обврзува во контектс на членот 60 од Деловникот, рече Џафери. Сè дотогаш, додаде тој, ваша воља ваша одлука.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески оваа постапка на опозицијата ја нарече „театар кој досега не се случил во Собранието“.

-Прво никогаш во историјата не се случило опозицијата да поднесе интерпелација и сама да бара да се тргне од дневен ред. Денес кога има интерпелација поднесена од друга пратеничка група не доставиле список навремено и затоа некој друг им е крив и тоа сакаат да го прикажат како некаков наводен обид да се замолчи опозицијата, рече Митрески. Според него, пратениците од опозицијата бегаат за јавноста да не биди колоку малку ги има и колку малку поддршка даваат за партиите од каде доаѓаат како пратеници предложени од тие партии.

Претходно, барањето за интерпелација за Спасовски го образложи пратеникот на АА и Алтернатива Халил Снопче кој кажа дека и покрај тоа што Мијалоков е во притвор, самиот случај со неговот бегство, потоа појавувањето после тоа, и реакцијата на властите, издавањето на пасоши на криминалци и други случаи, се причина за заминување на Сапсовски од Владата.

За Спасовски, пак, ова е добра можност за него да ги соопшти сите работи што досега се направени откако тој е министер за внатрешни работи.

-Морам да констатирам дека  денеска имаме една, благо кажано,  чудна интерпелација? Зошто чудна, ќе се запрашате? Затоа што е поднесена заради успех во една акција, а не неуспех! Имено – Сашо Мијалков е во затвор, таму каде што му е местото, и на него и на голем број поранешни функционери – криминалци, кои бескрупулозно крадеа од народот наместо да работат за она за што се избрани. Истиот Мијалков, на кого името се плашевте да му го спомнете, со години наназад. А сега гледаме како се зголемува  бројот на години што ќе треба да ги одлежи. Каква иронија –  идолот и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков е во затвор, а опозицијата поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи?! Оваа интерпелација, во суштина,претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата, и затоа е, во најмала рака, чудна, рече, меѓу другото, Спасовски.

 

Next Post

Илон Маск вели дека „неколкумина“ луѓе ќе умрат во трката да стигнат до Марс

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk