ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: За поздравување е изборот на нови јавни обвинители, Советот внимателно ги разгледувал апликациите

April 26, 2021 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да се поздрави фактот што после долго време се случи избор на нови јавни обвинители. Нормално е членовите на Советот на јавни обвинители да комуницираат меѓу себе, можно е некој од внатре кој го знаел расположението по определени кандидати, да ги пренел информациите. Но, тоа прашање да го упатите до Советот на јавни обвинители, бидејќи тие се надлежни и тие одлучуваат, рече денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, на прашање зошто „однапред се знаеле имињата на новите јавни обвинители“.

Министерот Маричиќ на денешната прес-конференција во одговор на прашање околу изборот на новите јавни обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, и во Вишото јавно обвинителство, Скопје, рече дека тие се битни точки во системот и самиот факт што после долго време се зајакнуваат со по пет нови обвинители, е за поздравување.

Изборот на новите јавни обвинители, како што рече Маричиќ,  долго време го бараа и институциите, односно Обвинителството, а исто така и препораката на Европската Унија е да се зајакнуваат капацитетите на овие институции.

Тој рече дека оние што беа избрани се долгогодишни и добри обвинители, и тоа, според министерот, покажува дека во Советот на јавни обвинители внимателно ги разгледувале сите поединечни апликации.

– Не би сакал да коментирам, кој бил избран, а кој не. Тие што не се избрани нормално дека се разочарани, но мислам дека Советот на јавни обвинители е единствено надлежен да цени и да каже според ставот, искуството, профилот на секој од личностите. Впрочем имаше и интервју со секој поединец. Првпат се вршеше изборот по новата законска рамка. односно по новиот Закон за јавни обвинители и затоа тој процес траеше и малку подолго, бидејќи беше потребно и ново нивно оценување, рече Маричиќ.

Прашан дали ќе се спроведе истрага поради тоа што имињата беа познати и претходно, Маричиќ рече дека истрага е апсолутно непотребна.

– Во текот на таа недела имаше неколку координации и претходни состаноци, нормално е членовите на Советот на јавни обвинители да комуницираат меѓу себе можно е некој од внатре кој што ги знаел расположението по определени кандидати да ги пренел информациите. Но, тоа прашање треба да го упатите до Советот на јавни обвинители, бидејќи тие се надлежни и тие одлучуваат, додаде министерот.

Тој појасни дека првпат после долго време, по новиот закон, беше одлучувано за избор на јавни обвинители, во една јавна постапка, во јавен процес, директно пренесуван преку камерите до јавноста каде што секој од членовите на Советот на јавни обвинители се изјаснуваше и образложуваше зошто и како гласа за секој поединец.

– Тоа е новитет во нашиот систем, и мислам дека тоа ја достигнува врвната транспарентност и отчетност на Советот на јавни обвинители. Сите што се избрани се искусни обвинители а тоа го потврдија повеќе експерти во своите ставови, се надевам дека со ова прашање ќе биде упатена порака до Советот да во наредните седници повеќе образложуваат и дискутираат за да и на јавноста и биде јасно зошто е донесена одредена одлука, додаде тој.

Маричиќ посочи дека секој кандидат кој не бил избран овој пат, може да конкурираа повторно, бидејќи ова не е ниту прв, ниту последен оглас.

Во врска со прашањето околу заплена на компјутерите на „Инвока“ и неможност за спроведување на определени тестирања, Маричиќ рече дека стапил во непосредна комуникација со директорката на Академијата на судии и јавни обвинители, Наташа Габер и генералниот секретар на Владата и се бара решение како да се дојде до што поскорешен избор на компанија, која што ќе може да ги да ги спроведе испитите.

Тој додаде дека елиминационите испити на Академијата се веќе во завршна фаза, така што е важно овој процес да се заврши.

– Јас верувам дека ќе се најде соодветно решение за тоа брзо да се направи, работат тимовите на Генералниот секретаријат и тимовите на Академијата, ние како Министертсво за правда помагаме со цел во наредните денови, до крајот на оваа недела, точно да го исцртаме патот како да се заврши овој процес со последниот испит за конкурсите за оваа генерација за 97 нови места, рече Маричиќ.

извор: МИА

Next Post

Лицата со ретки болести ќе се вакцинираат од следната голема количина на вакцини

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk