ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Кинеските вакцини ќе тргнат утре од Пекинг, во Скопје ќе стигнат или на 30 април или на 1 мај

April 27, 2021 12:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според последната информација од вчера, кинеските вакцини на 28 април треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и оттука најверојатно или на 30-ти вечерта или на 1 мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, по што ќе ги сместиме во ладната соба во поликлиниата „Јане Сандански“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче информира дека уште истиот или следниот ден, според веќе планираната дистрибуција и начинот на пријавување и бројката, ќе се дистрибуираат во сите пунктови за масовна вакцинација во државата, за да веќе од вторник, по празниците, истиот процес започне.

Филипче рече и дека досега се вакцинирани околу 53.000 граѓани.

Министерот, во врска со рестриктивните мерки, рече дека будно ја следат ситуацијата и оти на вчерашната средба со верските лидери разговарале да апелираат до граѓаните да се придржуваат до превентивните мерки, бидејќи, посочи тој, тоа е единствениит спас за да нема некакво влошување.

-Подолг период наназад имавме рестриктивни мерки. На почеток полицискиот час, што во еден период даде резултат и кривата се стабилизираше, се израмни и после тоа практично беше парабола и се уште е онаа што ја имитира онаа крива од месец ноември. Што значи дека во моментот кога започнаа да опаѓаат бројките, во тој момент, воведовме дополнителни рестриктивни мерки, со цел процесот да се забрза, да се изпразнат болниците, меѓутоа имајќи предвид дека пред нас се празници, а поучени од искуството од минатата година дека празниците беа еден момент на влошување на епидемиолошката состојба, рече Филипче.

Според него, добро е што тоа даде резулат и сега, како што рече, имаме се помал број на заболени, се помал е притисокот на пациенти за прием во болниците и ширум државата и во Скопје и од една во друга здравствена институција, оценувајќи оти овој бран стивнува но сепак ја следат состојбата тука и во другите земји.

Премиерот Зоран Заев, во врска со предложените мерки на Комисијата за заразни болести пред претстојните верски празници, рече дека Комисијата навремено ги донела досегашните мерки, порачувајќи им на граѓаните дека ако продолжиме понатаму како и досега, да ги почитуваме мерките, пред се на лична заштита, мерките на негрупирање, ќе можеме да го потврдиме вниманието за важниот социјален аспект на животот на граѓаните, а тоа е верата и традицијата, притоа да не дозволиме да се зголемат бројките.

Заев рече и дека во исто време треба и да се изменаџира посетата на верските храмови, црквите или џамиите, тоа да биде согласно протоколите и мерките.

извор: МИА

Next Post
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Без разлика каква и да биде одлуката на Владата за Пауновски, соработката со него ќе продолжи, најави Заев

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk