Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук-профил објави дека на 27 април 2017 година бил во Вевчани. Го славел неговиот роденден со неговата сестра која му била дојдена на гости од Амстердам.
Како што вели Пандов, тоа практично го спасило, да не биде со „браќата“ на протестот.
„Така сакал Господ да биде!“ вели Пандов во својата објава.
„Она што искрено во моментов најмногу си го посакувам е наредниот 51 роденден да можам да го прославам заедно со браќата од 27 Април во слободна Република Македонија!!!“, објави Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ, еден од најгласните поддржувачи на протестите кои кулминираа на „Крвавиот четврток“ со претепување на пратеници и насилство врз новинари присутни во Собранието.