ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: БРТ е поисплатлив систем за превоз од трамвајот

April 27, 2021 16:04
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

На денешната седница на Советот на Град Скопје советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи на градот. Меѓу советничките прашања поставени до градоначалникот Шилегов беше и прашањето за реализацијата на проектот БРТ во Скопје.

– Воведувањето на БРТ во Скопје има повеќекратни придобивки. Со БРТ се воспоставуваат две линии со коридори резервирани само за ултра-еколошки автобуси – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици.  Проектираната вредност за овие две рути е околу 70 милиони евра, што подразбира и набавка на возилата, во оваа фаза 18 метарски, но целиот систем е проектиран да има можност за 24 метарски возила. Реализацијата на БРТ, а не на трамвај, е поради тоа што доколку според  градската проектна документација се имплементираа двете фази со трамвајско решение по истата траса, тоа ќе го чинеше градот или државата 380 милиони евра. Ние сега тоа го правиме, по истиот концепт за трамвај, но за 70 милиони евра. Векот на траење на едно превозно средство во БРТ е помеѓу 12 и 15 години, со технологија на гас – синерџи хибрид, што во моментов е најпроверена  технологија од економичен и еколошки аспект на која може да го конципирате целиот систем на јавен превоз. Системот на електрични автобуски, за жал се уште не е во таа мера развиен за да можете целокупниот јавен превоз да го конципирате на електрични автобуси. За да стигнете до цената на чинење на реализацијата на трамвајскиот сообраќај, имате можност 5 пати да ја обновите флотилата на БРТ, односно имајќи предвид дека 12-15 години е рокот на возилата во БРТ, на 0 со реализација на трамвајот би дошле после 75 години, под услов кога ќе го изработите трамвајот во наредните 75 години, не трошите средства за неговото одржување, што не е можно – истакна Шилегов на денешната седница на советнички прашања.

Шилегов истакна дека трамвајот бара одржување и менување на шини, менување на возила, чиј рок за разлика од возилата на БРТ е меѓу 20-30 години.  2-3 промени на флотилата на трамвајот во наредните 70 години, каде што еден воз 24 метарски според достапните цени изнесува  3  до 3,5 милиони евра во зависност од производителот би претставувало голем финансиски трошок.

– Ако за целокупниот овој систем во двете фази ви се потребни околу 50 возила, тоа значи дека само за една промена на флотилата  би потрошиле околу 120 до 150 милиони евра, а ако тоа го направите три пати, што значи дека тој превоз ќе кошта уште 450 милиони евра само со промена на флотилата, без тековното одржување на преостаната електрична инфраструктура. Имајќи ја предвид финансиската состојба во градот и државата, се одлучивме за БРТ. Меѓутоа ваков тип одлуки не носи само Град Скопје, туку сите современи градови, кои исто како нас се уште немаат шински превоз на јавен транспорт, односно трамвај. Сите одбираат да воведат БРТ како систем на јавен транспорт, наместо трамвајски превоз, односно станува збор за еден модерен тренд во јавниот транспорт во Европа и во светот – истакна Шилегов.

Висококвалитетниот јавен превоз е насушна потреба на скопјани веќе со децении, а на таа потреба Град Скопје одговара со воведување систем за брз автобуски превоз (БРТ) со што Скопје станува позелено, подинамично и попаметно. БРТ ќе биде костурот на јавниот транспорт во Скопје во наредните 100 години. Скопје е првиот град во овој дел од Европа кој воведува БРТ (Bus Rapid Transit) систем, a тоа е успех не само за градот  туку и за целата наша држава. Европската банка за обнова и развој го промовира овој проект како зелен проект, во рамките на мрежата на зелени градови, во која Скопје е член од 2019 година. БРТ е токму она што на нашиот главен град веќе со децении му недостига- сообраќајно решение за намалување на градскиот метеж, чекањето на семафори и аерозагадувањето. Новите енергетски ефикасни автобуси обезбедуваат поквалитетни и почисти услуги кои значително ги намалуваат емисиите на аерозагадувачи. Подобриот јавен транспорт значи зголемување на бројот на патници, а намалување на употребата на приватни возила. Помалку возила значи помал сообраќаен метеж и помалку аерозагадување од сообраќајот. Токму затоа БРТ се промовира како зелен проект од ЕБОР, а Град Скопје добива признание за спроведување еколошки политики.

Next Post

Засилени контроли на АХВ пред велигденските празници

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk