ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Новиот Закон за учебници не носи социјално раслојување, туку води кон еднаквост

April 27, 2021 19:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот Закон за учебници не носи социјално раслојување, туку води кон еднаквост, а прави и исчекор во инклузивноста зашто првпат се воведуваат учебници во аудиоверзија и печатени на Брајова азбука, за да бидат опфатени сите ученици, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во врска со дигиталните учебници кои од учебната 2021/2022 година најпрво се планира да бидат воведени во четврто одделение.

Во гостување на ТВ24, Царовска повтори дека училиштата ќе имаат законска обврска да поседуваат т.н. библиотечен фонд на ИТ-уреди кои ќе им ги даваат на реверс на учениците што ги немаат, а обврзани се и да им ги отпечатат дигиталните материјали на околу 1300 ученици кои дома немаат електрична енергија.

Преку Програма на Светска банка, рече, ќе биде обезбеден одреден процент на дигитални уреди што ќе бидат ставени во библиотечниот фонд за  располагање на учениците.

-Одиме со воведување во едно одделение за да може да си ги одмериме силите како систем и држава и да знаеме во која насока се движиме. Затоа што наједноставно е да набавите уреди наеднаш и да не знаете што со нив. Имавме таков проект „Компјутер за секое дете“ за кој се потрошија милионски суми, а на крајот немавме никаква корист од тие уреди, рече министерката за образование и наука.

Посочи дека со донации од компании и со ангажман на локалните самоуправи сега е намален бројот на ученици без ИТ-уреди во однос на  почетокот на учебната година.

-Денес бројката не е поголема од 8000 ученици кои следат настава на телевизија. Тоа не е мал број, но кога тој број ќе го спуштите само за четврто одделение, добивате не повеќе од 3000 ученици коишто треба да се снабдат со одреден уред, а тоа ќе биде со библиотечниот фонд, истакна Царовска.

Податоците за технички неопремени ученици се собираат од терен и секое училиште, како што рече, знае колку такви ученици има.

-Сметам дека проценката нема да биде воопшто тешка и затоа навреме  собираме за да може сите да се вклучат и да обезбедиме точен број на таблети колку што се потребни за четврто оделение за учениците кои имаат потреба од поддршка, додаде Царовска.

Во однос на реакциите и повиците во фејсбук-група против оваа новина, таа ги повика родителите да не прифаќаат манипулации, нагласувајќи дека реформата е во интерес само на децата кои треба, рече, да совладаат дигитални содржини за да бидат подготвени за дигиталниот свет по 20 години.

Повтори и дека е дезинформација денешната објава на опозицијата дека законот за учебници е повлечен од Собрание, туку по координација со Секретаријатот за европски прашања тој е вратен за да се дополни само делот за усоглсласување со европското законодавство.

Новите наставни програми според новата Концепција за основно образование ќе почнат да се применуваат од септември само во прво и четврто одделение и наставниот кадар веќе почна да се обучува. Дигиталните учебници, пак ќе се воведат најпрво во четврто одделение и во наредните пет години етапно во сите погорни одделенија. Но, учениците од прво до трето одделение ќе продолжат да учат од хатиени учебници.

извор: МИА
Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата го разреши Пауновски, се однесувал непрофесионално

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk