ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска на видео врска со медицинскиот тим во Авганистан: Вашата мисија е прв чекор во изградба на медицински НАТО капацитети на Северна Македонија

April 28, 2021 13:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Радмила Шекеринска денес имаше разговор преку видео врска со нашиот медицински тим во Авганистан кој работи во состав на норвешкиот медицински контингент како дел од мисијата „Одлучна поддршка“.

Во разговорот, на кој присуствуваше и норвешкиот одбранбен аташе Егил Далтвеит,  беа разменети информации за работењето на членовите на тимот и за целокупната мисија која се одвива низ блиска соработка со норвешки медицински стручњаци, а од страна на претставникот на нашиот тим специјалистот ортопед Атанас Поп-Стефанија беше направена виртуелна тура низ болницата.

„Се радувам што упеавме идејата за оваа соработка со Норвешка толку бргу да ја направиме реалност. Ви честитам на издржливоста и храброста, особено што мисијата се совпадна со периодот на пандемија а вие сте далеку од вашите семејства. Разговарав со норвешкиот колега за заедничко повлекување на целиот тим од Авганистан кога за тоа ќе дојде време, а фокусот ќе биде на безбедноста на сите припадници на мисијата. Вашето присуство во Авганистан е првиот чекор во изградбата на наш македонски медицински капацитет за вакви НАТО операции“, рече министерката Шекеринска и ја нагласи одличната соработка со Кралството Норвешка која токму во денешниов ден резултира со донација од 100 респиратори.

Министерката уште еднаш ја искажа својата осуда што мисијата на нашиот воено-медицински тим беше мета на политички подметнувања и ширење лаги за членовите на тимот, и го истакна ставот дека е непримерно Армијата и здравството да се користат во политички пресметки. „Можете да бидете горди, вашата работа во Авганистан е од голема помош за нашата држава и за здравството“, порача министерката Шекеринска.

Специјалистот-ортопед Поп-Стефанија рече дека тимот работи во одлични услови, се чувствуваат добро и нема никакви проблеми. „Наидовме на одличен прием кај нашите норвешки колеги, тие одлично се грижат за нас, и среќни сме што со нашата работа стекнуваме драгоцено искуство и учествуваме во изградба на воено-медицински капацитети на нашата држава“, рече тој.

Благодарност од Кабул до целиот македонски тим упати и командантот на норвешката теренска болница потполковник Бент Андерс Салберг кој беше дел од видео разговорот. Тој ја истакна посветеноста на македонскиот тим и рече дека е задоволство да се работи со него. Одбранбениот аташе потполковник Егил Далтвеит, од Скопје им посака успешна работа на членовите на норвешката и на македонската мисија и рече дека следната средба со нашиот тим ќе биде во Норвешка при враќањето од Авганистан.

 

Next Post

Зибери: Апсурдно е некои членови на семејства да поседуваат државјанство, а други со години да не можат да го остварат тоа право

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk