ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Зибери: Апсурдно е некои членови на семејства да поседуваат државјанство, а други со години да не можат да го остварат тоа право

April 28, 2021 13:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од лицата родени во Република Македонија пред прогласување на независност на државата во 1991 година се уште не го решиле проблемот со државјанскиот статус, а притоа континуирано живеат во земјата заедно со семејствата во нивните домови и имоти, што претставува своевиден апсурд при еднакви услови и околности некои членови на семејството да поседуваат државјанство, а некои со години да не можат да го остваруваат ова право, констатира народниот правобранител Насер Зибери на денешната презентација на Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година.

– Кон оваа категорија граѓани е направена неправда која треба да се надмине и реши со измена на Законот за државјанство, согласно стандардите и принципите на Европската конвенција за државјанство. Согласно оваа Конвенција почитувањето на семејниот живот претставува основна темелна вредност, исто како што е прокламирано и во членот 8 од Европската конвенција на човекови права и слободи. Според Европската конвенција за државјанство, земјите на Советот на Европа при одлучување за државјанство, особено треба да водат сметка за вистинската и ефективната врска на засегнатото лице со државата, истакна Зибери.

Тој додаде дека во однос на бројот на лица кои немаат државјанство, народниот правобранител не располага со точна бројка, но знае дека се поднесени девет претставки за Годишниот извештај за 2020 година.

Народниот правобранител се осврна и на издавањето на изводи од матичната книга на родени по електронски пат, што, според него, воопшто не го олеснило пристапот на граѓаните до овој документ, туку напротив создало големи проблеми.

Тој утврди дека не се почитува рокот за изготвување и издавање на изводи, па наместо неколку дена граѓаните чекаат за електронски изводи по неколку месеци.

извор: МИА

Next Post

НАкС: Сенаторите на УКИМ да не го усвојат Етичкиот кодекс зашто ја загрозува академската слобода

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk