Во соработка со Министерството за здравство и Општата болница „Борка Талески“ од Прилеп, денеска беше реализирана првата фаза од вакцинацијата на штитениците на Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, објави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
„Прилепскиот Дом за стари лица е една од првите институции од нашиот град, во кои се врши масовна имунизација и каде денеска беа вакцинирани штитениците на оваа установа, кои се над 60-годишна возраст.
Од вкупно 115 лица колку што во моментов ги користат услугите на Домот, 86 лица изразиле желба да бидат вакцинирани. Остануваат десетина корисници кои се на возраст под 60 години, кои ќе бидат вакцинирани после празниците
Убеден сум дека во иднина, колективната имунизација која треба да се спроведе во целата држава, ќе има успех, бидејќи тоа е основа за победа на пандемијата“, изјави Јованоски.