ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Мудроста на Глигоров суштински важна Македонија да стане меѓународно признаен ентитет

May 3, 2021 12:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев преку објава на Фејсбук, по повод раѓањето на Киро Глигоров, потсетува за значењето на првиот претседател на самостојна Македонија, за неговата улога во излезот мирно од крвавиот распад на Југославија, станувањето на меѓународно признаен ентитет и неговиот придонес за остварените стратешки цели на нашата земја.

„На денешен ден е роден Киро Глигоров (1917-2012), еден од великаните на современата историја на нашата земја и на вековниот стремеж за самостојност на македонските граѓани.

Од НОБ и АСНОМ, чијшто учесник беше, и за време на неговите два мандати како претседател во најважните мигови за создавањето на самостојната македонска држава, претседателот Глигоров речиси половина век беше во врвот на нашата политика.

Неговата мудрост, огромното политичко искуство и неговиот интелект, беа од суштинска важност и ѝ помогнаа на Македонија да излезе мирно од крвавиот распад на Југославија и да стане меѓународно признаен ентитет.

Под мирната рака и водство на Глигоров, и покрај сите предизвици, го чекоревме цврсто и непоколебливо нашиот пат кон светската заедница на независни, прогресивни и демократски држави.

Од неговите политики и јавни настапи ќе бидат запаметени многу искажани визии како онаа од претседателскиот инаугуративен говор на 27 јануари 1991 година: „Ќе бидеме разбрани и почитувани, а нашите интереси респектирани од светот доколку се развиваме како демократско општество, способно да ги уредува внатрешните односи по мирен пат, развивајќи секој вид толеранција – верска, национална, политичка. Ние живееме на балканските простори, на кои се испреплетени многу народи. Секој сака да ја сочува својата самобитност, својата историја и национален дух, а тоа е можно само низ висок степен на разбирање и толеранција и без било каков обид да се загрози соседот, просторите на кои живее и неговите длабоко всадени корени“.

Денес, со својот придонес, поранешниот претседател Киро Глигоров, е дел од остварените стратешки цели на нашата земја. Република Северна Македонија е суверена и самостојна земја, членка на НАТО, земја која ги и исполни највисоките критериуми за слобода, демократија и владеење на правото и го очекува стартот на преговорите со ЕУ. Просперитетна земја, која оди напред и отвора нови можности за нејзините граѓани.“, се наведува во објавата од премиерот Заев.

 

Next Post

Мас: Северна Македонија одамна ги исполни условите за пристапување во ЕУ, во интерес на Унијата е што побрзо отворање на преговорите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk