ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комитет на Европарламентот прифати петиција за поддршка на Северна Македонија и македонското малцинство во Бугарија

May 4, 2021 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот за петиции на Европскиот парламент ја разгледа и ја прифати петиција на бугарскиот новинар Михаил Михајлов за поддршка на Северна Македонија и на македонското малцинство во Бугарија и против кршењето на граѓанските права во земјата.

– Со задоволство ве известувам дека Комитетот за петиции ја разгледа вашата петиција и ја прогласи за прифатлива. Врз основа на тоа, ја замолив Европската комисија да спроведе прелиминарна истрага за ова прашање. Бидете сигурни, дека ќе ве информирам за какво било понатамошно дејствие преземено врз основа на вашата петиција, вклучувајќи ги и резултатите на прелиминарната истрага на Европската комисија, се наведува во одговорот на членката на Комитетот за петиции на Европскиот парламент, Долорес Монтсерат упатена до Михајлов на петицијата што тој ја доставил до парламентарниот Комитет на 12 декември минатата година.

Во реакција на одговорот Михајлов изразува задоволството од прифаќањето на неговата петиција и надеж дека тоа ќе им даде дополнителен поттик на политичките партии во Бугарија „да ги почитуваат човековите права и правото на национално самоопределување, како и да дадат „зелено светло“ за членство на Северна Македонија во Европската унија“.

– Бојко Борисов повеќе не е премиер и сега новите власти ќе треба да му објаснат на Европскиот парламент зошто Бугарија не го почитува Европскиот суд за човекови права и не го признава македонското малцинство, зошто во Бугарија масовно се кршат човековите права и зошто Бугарија одби да дозволи Северна Македонија да преговара за членство во Европската унија. Верувам дека на овој начин новите власти ќе бидат принудени да направат промени, додава Михајлов во изјавата.

извор: МИА

Next Post

Нацевска: Мерките на НБ дадоа резултати во досегашниот тек на корона кризата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk