ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерот Милевски ги посети објектите за вклучување на маргинализираните лица на пазарот на труд и социјална инклузија во Струмица и Радовиш

May 5, 2021 13:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ги посети Струмица и Радовиш. Во „Академијата за реинтеграција на маргинализираните лица во општина Струмица“ тој беше запознат со успешниот проект за унапредување на постоечките услуги во Југоисточниот регион за подобро вклучување на маргинализираните лица на пазарот на труд.

Инвестицијата од над шест милиони денари во Струмица е од Министерството за локална самопуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во неа десетина лица преку производство на различни видови овошје и зеленчук го поминуваат процесот на работна рехабилитација и се оспособуваат за пазарот на труд. Проектот го реализира невладината организација „Избор“ од Струмица.

-Тука се ангажираат луѓето за да го поминат процесот на работни вежби и рехабилитација, а лицата со попреченост работат тука и на тој начин обезбедуваат приходи. Ова е уникатен пример којшто го правиме и се надевам дека резулатите оттука ќе можеме да ги имплементираме и во другите плански региони, рече министерот Милевски.

Додаде дека на на тој начин се стимулира развојот на малото стопанство, а порача дека примерот на Југоисточниот плански регион треба да го следат и другите региони.

 

-Ние како министерството сакаме да доаѓаат проекти кои ќе значат зголемување на бруто домашниот производ, зголемување на конкуренцијата, но за жал добиваме проекти за канализација, водовод. Тоа е важно, но треба да финансираме и такви проекти, кои се специфични, каков што е овој во Струмица. Се надевам дека ќе биде пример за другите плански региони, но и општините треба да помагаат за проектот да има самоодржливост и не само да донираме пари, односно кога ќе заврши проектот да завршат и средствата, туку да биде долгорочно и да трае со самоодржливост, потенцираше министерот Милевски.

Според Сократ Манчев, претседател на „Избор“, Академијата за реинтеграција на маргинализираните лица во општина Струмица“ има една цел-да ги врати маргинализираните лица во општеството како нормални и прифатливи.

-Овој проект овозможува и успешна соработка со бизнис секторот, што е и една дополнителна компонента на тој проект, бидејќи во соработка со бизнис секторот креираме работни места, посебно за лицата со попреченост за да може и тие да имаат работен однос и да бидат самоодржливи во својот живот. Ваква друга можност не постои во нашата држава и засега работиме со одличен успех, бидејќи имаме добар тим кој го води целиот стручен процес, рече Манчев.

Секојдневно во работниот процес се ангажираат 8 до 10 лица, а од нив четворица се во работен однос, а другите волонтираат во зависност од потребите на одреден производствен процес.

Данче Поп-Иванова Илиева од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион истакна дека како имплементатори на овој проект им овозможуваат на маргинализираните лица и лицата со попреченост да се осомостојат и да бидат корисни за општеството.

Министерот Милевски, заедно со градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, денеска го промовираа и успешниот проект за “Создавање на услови за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион” во Центарот за дневна нега во Радовиш.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Пратениците гласаа за заостанатите точки 30-та и 34-та седница

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk