ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Инвестираме во инфраструктура и опремување на училиштата, за успешен старт на реформата на основното образование

May 9, 2021 19:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука интензивно инвестира во реконструкција, доградби и изградби на училишта како и во опрема за лаборатории, со цел успешен старт на реформата на основното образование од учебната 2021/2022 година. Една од причините за намалување на квалитетот на образованието е недоволното и несоодветното вложување и финансирање на образованието во последните три децении, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во информативниот магазин „25 минути“ на ТВ 24.

Царовска вели дека сега е променет начинот и методологијата за вложување во капитални инвестиции во образованието. Општините можат да аплицираат на јавниот повик за капитални инвестиции, а проектите потоа се селектираат низ транспарентен процес. Но, за системски пристап се потребни и податоци за состојата во која се наоѓаат училиштата во државата и затоа е пристапено кон собирање микро податоци, односно се прави анализа на деталната инфраструктура.

Царовска посочи дека дури и во оние 141 училиште коишто имаат реновирани санитарни јазли во последните 5 години, веќе се забележуваат значителни оштетувања, само поради несоодветниот систем на одржување.

– Во многу извештаи е наведено дека не е спорно инвестирањето, ако се прави плански и еднакво, а ние тоа го правиме, колку што одржувањето треба да биде соодветно. Има правилник за тоа, сега се прават дописи до училиштата дека треба да го почитуваат, рече министерката.

Во подобрување на инфраструктурата на училиштата, опремување на информатичките и лабораториите за природни науки, како и за библиотеки и  училишни ресурси за потребите на наставата, ќе се инвестира и преку Проектот за унапредување на основното образование, за што е потпишан договор со Светска
банка. Од вкупно 21,5 милиони евра, колку што изнесува проектот, за овие намени се издвоени 15,1 милион евра.

– Прв пат, оваа Влада зема силен замав во инвестирањето во основнотообразование, за да може да се постават условите за имплементација на новата концепција и за околу 6 години од денес да кажеме дека нашето основно образование е модерно, соодветно и ги постигнува стандардите, нагласи Царовска.

Ефектите на реформата на основното образование, според неа, ќе се покажат преку подобрите резултати на меѓународните тестирања, на кои сега сме далеку под меѓународен просек, дури и под просекот на регионот.

Министерството, потенцираше Царовска, ниту набавило ни има во план да набавува возила, туку го зголемува буџетот за капитални инвестиции и тој годинава изнесува една милијарда денари а блок-дотациите, и во време на кризата октомври -декември 2020 година, се зголемени за 2%.

извор: МИА

Next Post

На патеката кон Пониква се возеше ридско-брзинската трка од Државниот шампионат во автомобилизам

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk