ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Моите ставови за „27 април“ и пред и по средбата со Мицкоски се апсолутно идентични

May 10, 2021 14:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да имавме заеднички став за „27 април“ ќе излезевме со заедничка прес-конференција или заедничко соопштение. Моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со Мицковски, вели шефот на државата Стево Пендаровски.

-Јас имав соопштение после тоа, после таа негова изјава во кое кажав дека и во дипломатијата и во политиката кога излегувате на одвоени изјави јасно е дека сте имале различни ставови за истите настани. Да имавме усогласени ставови за „27 април“, како што тој вели, сигурно би излегле на заедничка прес-конференција или со заедничко соопштение кое би го потпишале двајцата. Немам што да додадам на тоа. Станува збор за реалноста тоа што внатре се случуваше и која беше соопштена многу пати. Инаку моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицковски. Моите ставови и пред таа средба и потоа и денес ако ме прашувате се апсолутно идентични, вели Пендаровски на новинарско прашање за обвинувањата од Мицкоски дека изјавите кои ги дал ден по средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу „27 април“ се разликуваат од кажаното од него на самата средба.

Подвлече дека неговите ставови во врска со „27 април“ не претставуваат мешање во судството, бидејќи тој цитира член од Кривичниот законик  кој овозможува повторување на процесот.

-Прво јас немам политички став за судски процес кој е во тек, туку за судски процес кој е завршен.  Второ нема никакво мешање во работата на судството првот затоа што е затворен процесот. И второ, во мојата изјава, јас цитирам одредба од Кривичниот законик која овозможува повторување на процесот.  Еден од процесите кои вие ги спомнувате беше повторен, значи имаше повторно судење, беше преотворен, имено благодарејќи на таа одредба во КЗ. Значи мешање во работата на судството е ако кажувате како треба да се суди или ако велите – јас имам докази и очекувам врз основа на она што јас го кажувам да се преотвори тој случај.  Велам, ако има нови докази, адовкатите, правните застапници до Врховниот суд, во овој случај правната процедура е таа. Не е мешање во судската работа ако цитирате член од Кривичниот законик, рече Пендаровски на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која е во прва официјална посета на Република Северна Македонија. 

извор: МИА

Next Post
Фото: МО

ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 поднесени амандмани покажува само намера за блокирање на законот за служба во Армијата, таа не заслужува блокади од партиски интерес

НАЈНОВО

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025
Фото: архива КУД „Стив Наумов“-Битола

На денешен ден во Битола е формиран најстариот македонски хор „Стив Наумов“

November 6, 2025

Три екипи со максимален ефект по првите четири кола во ЛШ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk