ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Биди сам свој бренд

May 11, 2021 10:39
in ZOOM IN, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Веројатно секој еден кој запливал во медиумските води знае дека „брендот“ игра огромна улога во успешноста на една компанија. Бренд е повеќе од лого. Бренд е онаа визуелна слика која се појавува во главата на поединецот кога ќе помисли на некој производ, локал или претпријатие. Едно од моите работни искуства беше да направам бренд стратегија и брендирање на странска компанија која што започнуваше со работа во Македонија. Крајната цел е да се изгради модерна, конкурентна и претпознатлива марка која што ќе се издвојува од другите и кај потрошувачите ќе буди позитивни чувства.

Како и секогаш, и оваа тематика ја аплицирав на микро ниво и неизбежно дојдов до прашањето: Дали е правилно работејќи во голема компанија да се асимилираме со брендот односно вредностите на истата? Или спротивно; дали е правилно секој да се стреми кон тоа да биде сами свој бренд?

Неодамна после долго време го гледав филмот ‘Пронајдокот на лажењето’ (The invention of lying) во кој луѓето живеат во свет каде што не постои лага. Секој ја кажува вистината. Тој концепт ми се вмрежа во мислите и како мало ѓаволче ми седеше на рамо дури пишував формална е-пошта до клиенти, дури комуницирав со колегите, и дури си ги преиспитував своите мисли и ставови околу некои одлуки кои ги донесував во врска со работата. Дојдов до заклучок дека веќе некое време начинот на кој што комуницирам и постапувам е под силно влијание на мојата компанија, а мојата персона како под казна ја имам натерано да стои во ќош, свртена со грб. Иронијата е во тоа што никој не ми забранил да бидам јас – јас. Едноставно со текот на времето сум се адаптирала на околината и сум прифатила одреден аватар кој го контролира моето битисување.

Но, ова не значеше дека за мене дошол крајот на светот. Тоа беше само една проверка на реалноста која ме освести дека мојата најдобра верзија е автентичната јас – онаа без корпоративен филтер, онаа со свој став и онаа која вложила многу време и труд да ја изгради личноста која што е денес.

Во ерата на безбројни можности, опции и работни места, единствениот начин да се издвоиме од толпата е да се насочиме кон себе и кон градење на својот бренд. Убедена сум дека светот би бил далеку поубаво место за живеење кога секој би ја следел својата страст, кога не би го задушувале гласот кој нѝ вели да целиме кон тоа да го работиме она што всушност нѝ причинува задоволство, кога би ја слушале својата интуиција кога нѝ вели да постапиме вака или онака.

Да се изградиш самиот себе како бренд е долг процес кој што задолжително бара храброст и прилагодување на промени. Да бидеш самиот свој бренд не подразбира дека преку ноќ ќе треба да изградиш краен продукт од себе. Тоа е процес кој трае и трае. Кога ќе стане збор за промена, луѓето помислуваат на нешто огромно, радикално, страшно. Меѓутоа решавачките промени во животот започнуваат со мали трансформации, навидум безначајни. Да не се залажуваме: не е успех само еднаш да направиш нешто сложено, успех е да можеш тоа да го правиш секој ден. Да се стане подобра личност, посреќна, стабилна, тоа бара труд и постојан напор. Ќе дознаете дека не е проблем да знаеш што би требало да се прави за да ви биде подобро, туку да се зафатите решително и конечно да преминете од теорија – на практична примена.

Секој гради и има свој бренд, без разлика на тоа што работиме, на кој проект сме посветени или што и да е наш приоритет во моментот… сè што имаме е нашата репутација и таа е нашиот бренд. Тоа е емоција, перцепција, меморија, искуство. Па така, доколку некој мисли дека не е „сфатен“ од луѓето околу себе, можеби постои јаз помеѓу она што сте и она што другите луѓе мислат дека сте. Во тој случај, работете на себе дури не сте сигурни дека луѓето ја забележуваат вашата дарба, го воочуваат вашиот талент и го ценат она што го правите најдобро. Осигурете се дека сте ги одмериле вашите таленти и истите ги прикажувате во вистинско светло. Осигурете се дека го правите она во што сте навистина добри.

Кал Њупорт ја напиша книгата „Биди толку добар што нема да можат да те игнорираат“ (Be So Good They Can’t Ignore You). Колку подобри стануваме, толку повеќе ќе бидеме побарувани. Колку повеќе луѓе сакаат да работат со нас, толку повеќе опции имаме и повеќе можеме да избереме врз основа на нашите услови и критериуми.

Светот рапидно се менува, па така правилно е и ние да бидеме способни да се движиме постојано. Како што кажал некој таму во Грција, најверојатно Хераклит: Промената е единствената константа во животот. Никој сè уште не докажал дека ова е погрешно.

Секој има некоја задача во однос на животот, не мислите и вие така? Да научиш како да се запознаеш самиот себе, да станеш свесен дека времето е „изброено“, да носиш одлуки што те обврзуваат и имаат смисла. И пред сè, да не ги трошиш напразно своите дарби.


Текстот е личен став на Авторката. Сите права се задржани.

Next Post

РСБСП: Да ја унапредиме културата во сообраќајот, преку личен пример да придонесеме за побезбеден сообраќај

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk