Просториите на Алфа ТВ и уште неколку, одамна ќе фаќаа пајажини на згаснатите рефлектори, а на импровизираните студија пред Владата ќе се обраќаше Заев, убедувајќи ги дека хајката по фирмите на газдата не се однесува на телевизијата…
Најмалку десетмина јавни заканувачи на премиерот веќе ќе пишуваа писма од Идризово со содржина во која длабоко му се извинуваат за тоа што го рекле, дека такво нешто нема да им се повтори, дека се заканувале во афект…
Рашковски сè уште ќе беше генерален секретар на Владата, Ласкова советник, Манчевски министер, Пауновски директор. Саша ќе пловеше на некоја јахта на Азурниот брег, Камчев околу Корзика, Бонева и Дизелка ќе регистрираа авто транспортно претпирјатие, додека дебеловратците од обезбедувањето на Заев, ќе формираа компанија и ќе ги обезбедуваа сите институции и банки во државата…
Антоњо телефонски ќе го решаваше спорот со Грците со варијантата “горе/доле“ и постхумно ќе го лустрираше Тито и ќе го решеше спорот со Бугарите, додека Лигњата, ќе го завршуваше третиот хотел на охридскиот брег…
Кикифрики ќе ловеше риби на Треска и на Тивкешко и редовно ќе ја известуваше јавноста за притисокот на водата на последните двајсе ката на Џевахир и за водостојот во леѓените кај ги кисне стапалата…
Да беше исто…
Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.