ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Велес со повеќе градежни активности

May 13, 2021 16:06
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Велес во тек е изведба на проектот за изградба на систем за водоснабдување на село Раштани и Бузалково со вода за пиење од градскиот водовод, отпочната е реконструкција на водоводна линија на улица „Орце Мартинов“ финансирана преку проектот од Министерството за транспорт и врски, информираат од Општина Велес.

Во тек се градежни работи за асфалтирање на дел од улица „Васа Кошулчева“ во должина од околу 250 метри,  извршен е ископ, планирање на терен, извршено е тампонирање, поставени улични рабници, фино планирање на тампон пред асфалтирање. Во тек се и активностите за дислокација на постоечки инсталации на телеком, ЕВН, водоводен приклучок за касарната, поместување на оградата помеѓу касарната и градилиштето,  сѐ со цел  да се создадат услови за отпочнување на градежни активности за асфалтирање на дел од улица “ Новопроектирана 2-2 “локалитет Касарна.

-Извршено е санирање на оштетена делница на коловозот со површина од околу 300 квадратни метри  на улица „Андон Шурков“ во непосредна близина на кулите кај Узус, при  што се отстрани асфалтот, се изврши ископ на тампонкскиот слој извршено е тампонирање со нов материјал 30 сантиметри и на крај се асфалтираше, појаснуваат од Општина Велес.

Во тек се активности за асфалтирање на улици во село Црквино со кофинансирање во должина од околу 580 метри. Работите опфаќаат ископ, тампонирање и асфалтирање на улиците.

Во моментов се подготвува отпочнување на градежни работи за бетонирање на дел од улица „Крали Марко“ во должина од околу 115 метри. На оваа улица ќе се изврши вадење на постоечката оштетена подлога, подготовка на површината пред бетонирање и бетонирање согласно условите на терен.

Се започна и со реализација на проектот „Изведба на атмосферска канализација“ за заштита на локацијата каде се наоѓа фудбалското игралиште во Горно Оризари од поплавување со атмосферски води.

Во тек се градежни работи за  набавка и поставување на сепаратор во функција на паркингот на езеро „Младост“ кој е дел од проектот „Смарт езеро Младост “

Се поставува урбана опрема на локација -езерце во Градски парк и во село Горно Оризари, како и тековно одржување на урбана опрема во Велес.

Извршено е реконструкција на завршен слој на коловозот од асфалт  на дел од улица „Благој Ѓорев“ и „8ми септември“ со површина од околу 4000 квадратни метри.

Извршено е реконструкција на завршен слој на коловозот од асфалт  на дел од улица  „Асном“ со  површина од околу 4800 квадратни метри.

Градежните активности се во согласност со програмата за уредување на градежно земјиште за 2021.

извор: МИА

Next Post

УНИЦЕФ: Велика Британија до јуни да даде 20 отсто од своите вакцини на други земји

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk