ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Студентите на штипскиот Медицински факултет вклучени во имунизација на населението

May 15, 2021 13:02
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На штипскиот регионален пункт за имунизација досега околу 13.000 граѓани од штипскиот и струмичкиот регион се вакцинирани против Ковид-19. Дијана Коцева Миланова лекар на вакциналниот пункт вели дека за да се достигне оваа бројка на имунизирани граѓани, вклучени се 50 лица од Здрваствениот дом, Клиничка болница-Штип, но и студенти на Факултетот за Медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, волонтери на ОО Црвен Крст-Штип, како и припадниците на АРМ и полцијата.

Идниот лекар Стефан Мишевски од Скопје од почетокот на имунизацијата на населението аплицирал 3.000 вакцини против Ковид-19. На регионалниот пункт во Штип  е рекордер во ставање на вакцини. Тој заедно со 80 волонтери од Медицинските факултите во земјава е дел од тимовите за имунизација на населението на седумте пунктови во земјава. Дваесет и три годишниот Стефан е студент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, на ова момче кое истовремено учи и ги полага испитите од трета година не му е тешко секој ден да е на пунктот во штипската сала „Јордан Мијалков“. Со многу жар и ентузијазам влегува во волонтирањето, но според него ова е и голема шанса за секој студент на Медицинскиот факултет да има пракса и контакт со пациентите.

-Волонтерската работа за мене пред се значи една многу голема лекција во животот, заради тоа што најголемата плата во животот не е парична, туку е душевна. Сепак на крајот на денот сите ние одиме дома и легнуваме и треба да спиеме мирно. Воедно ова за мене е и голема пракса, за сите нас студенти и за учениците од средното медицинско училиште и професори, заради тоа што панденмијата се случува еднаш на повеќе години, на сто години научно докажано и на некој начин ние таа пракса, која ни е ограничена на овој начин на образование, кое е по електронски пат. Ние на пунктовите за имунизација гледаме сето тоа да го надокнадиме, без разлика дали гледаме од аспект на имунизација или од аспект на администрација. Ние со текот на времето и понатаму тоа ќе го работиме, вели Мишевски.

И покрај обврските кон факултетот, Стефан вели дека се наоѓа време и за волонтирање на пунктот, претходно волонтирал на пунктот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, а пред десет дена кога се отвори пунктот во Штип, тој веднаш го прифатил предизвикот и дошол овде да волонтира, но и да го пренесе позитивното искуство од пунктот во Скопје.

-Во моментов спремам испит и кога се сака се успева, на пунктот сме од шест до седум часа, додека се раздолжиме, додека ги исчистиме работните места. Но, се што се прави за човеково добро, мислам дека дава мотив уште повеќе и повеќе да се вложиме, во она што го изучуваме, вели Мишевски.

Неговата колешка Сашка Јованчевска, која е втора година на Факултетот за Медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ вели дека нејзнината професија е хумана, лично таа сака да им помага на луѓето, но ова и е шанса и за практична настава.

-Само што започнав да волонтирам, но сакам да доаѓам додека не заврши целосната имунизација, со цел да се врати животот во нормала и да ја победиме оваа пандемија. Овде секој ден нешто ново учам и мислам дека ќе научам многу, многу нови работи од колегите од повисоките години, секако и од лекарите, медицинските лица, вели Јованчевска.

Таа е администратор ги внесува податоците на луѓето кои се имунизираат, засега не аплицира вакцини, но вели дека наскоро ќе ја има можност и тоа да го научи, вели Јованчевска.

Околу 80 студенти на Медицинскиот факултет од Штип се вклучени во организацијата за имунизација на населението на пунктовите во Штип, Кавадарци, Охрид и Битола.

На пунктовите се вклучени волонтерски и членови на Општинските организации на Црвен Крст. Дијана Коцева Миланова лекар на вакциналниот пункт во штипската сала „Јордан Мијалков“  се радува што студентите и волонтерите на Црвен Крст со многу љубов и елан помагаат и работат на пунктот, со цел да се имунизира населението од штипскиот и струмичкиот регион.

извор: МИА
Next Post

Богдановиќ, Шилегов и Заев на увид во градежните активности на улицата „Орце Николов“

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk