ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зошто треба да сме горди на 17 мај?

May 17, 2021 15:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

На 17 мај 2015 се случи најголемиот собир во историјата на Македонија. Сеќавањата секогаш будат чувство на гордост, не само поради исклучителната чест да бидам на бината и меѓу оние што ги пренесоа пораките и желбите за подобра иднина на граѓанките и граѓаните. Причини има многу, па да посочам и повторам некои, за кои мислам дека се вредносни, суштински валидни и за сегашноста и за иднината.

На 17 мај заедништво во земјата ги победи поделбите. Гласноста го победи молкот. Храброста го победи стравот.

17 мај е ден кога се виде на дело дека наспроти едно насилно малцинство, една теснопартиска клика што ја узурпираше, криминализираше и ограбуваше државата, а која во тој период со автобуси шеташе десетина илјади луѓе низ градовите во обид да „прикаже масовност“, стои едно далеку поголемо вистинско мнозинство, луѓе што сакаат еднаквост, слобода, еднакви шанси за сите.

На 17 мај се случи масовност и гласност. Наспроти режим кој замолчуваше луѓе преку најразлични, често и брутални форми на притисок или ја купуваше нивната послушност, се најде маса од 100 илјади луѓе, најголем протест против било која власт во Македонија. Тој ден пукнаа молкот и стравот, а пукна и режимската пропаганда во која Груевски и неговата клика инвестираа стотици милиони народни пари.

На 17 мај се случи обединувањето на различните, наспроти оние што владееја цела деценија постојано делејќи ги граѓаните по речиси сите основи.

Луѓето во земјата, без оглед на етничка, верска, идеолошка, сексуална и друга припадност излегоа масовно на улица, како никогаш пред тоа, и покажаа дека огромно мнозинство на народот во земјата сака да гледа кон заедничка иднина, а не кон поделбите и минатото.

17 мај е ден на врзувањето на знамињата, појава која се случуваше спорадично на некои од антирежимските протести, но која експлодираше како масовна порака токму на тој ден.

Таа порака одекна силно, секаде во светот, покажувајќи една вредност која е за почит, особено кога се случува во земја која не толку одамна беше во вителот на меѓуетничките конфликти.

На тој ден, цел свет виде дека таму некаде, на Балканот полн крвава историја и војни, една нација гласно и храбро излегува на улица и еманира сосем други цивилизациски вредности, својствени само за напредни, либерални, модерни демократии и општества.

И Европа и светот виде – различни луѓе по многу основи, но обединети во желба за слобода, демократија, еднаквост, мир и подобра иднина. Дека тој глас тогаш беше слушнат, видовме низ процесите што следуваа по падот на режимот. Па има ли поголема гордост од тоа да се учествува во една таква историја?

Затоа, овој ден ни припаѓа на сите слободољубиви граѓани  во земјата! Нека ни е честит 17 мај, драги мои, нека биде постојано потсетник на нашата заедничка борба за слобода, еднаквост, демократија и подобра иднина!

На овој линк е настапот на Репортерс на масовниот граѓански протест на 17 мај 2015 година.

#17maj
#LiveFromTheCrystalBall

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тричковски стави крај на својата играчка кариера

May 14, 2025

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk