ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на заменик министерот за внатрешни работи Буши со неговиот албански колега Љамалари

May 18, 2021 17:20
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Албанија, предводена од заменик министерот Бесфорт Љамалари, денеска реализираше возвратна работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во соорганизација со Секретаријатот на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ.

Во фокусот на посетата беше автоматизираната размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила, како специфично остварување на највисок степен на соработка меѓу двете земји.

Во рамки на работната посета, заменик министерот Љамалари оствари средба на највисоко ниво со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река, по што следуваше и билатерален состанок на шефовите на двете делегации, и тоа заменик  министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Назим Буши и заменик министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари. Во текот на состанокот се дискутираше за повеќе области од заеднички интерес за двете страни, како што се иницијативата за потпишување на Протoкол помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на

Република Албанија за формирање заеднички работни тимови, кои преку безбедносно партнерство со помош на координирани активност треба да придонесат кон сузбивање на опасности по безбедноста и ефективнa борба против меѓународниот организиран криминал.

Од аспект на зголемување на ефикасноста во работењето на министерствата за внатрешни работи во борбата за спречување на транснационалните закани, како и во насока на натамошна професионализација и демократско полициско работење на полициските службеници, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија изрази иницијатива за одржување на редовни билатерални, трилатерални или регионални состаноци меѓу замениците министри за внатрешни работи, која има за цел редовно меѓусебно информирање за безбедносните предизвици со кои се соочуваат министерствата за внатрешни работи во регионот и изнаоѓање модуси за нивно надминување.

Од друга страна пак, целта и поводот на самиот настан беше потпишување на Заедничка изјава помеѓу двете министерства за внатрешни работи, која ќе претставува рамка за меѓусебна поддршка за имплементација на автоматизираната размена на податоци во пракса, со цел исполнување на европските стандарди. Овој документ беше создаден во насока на потврдување на посветеноста на двете страни да ги зголемат напорите за постигнување заедничка автоматизирана размена на дактилоскопски податоци во најкраток можен рок, да обезбедат меѓусебна поддршка во административната и техничката имплементација неопходна за успешно пренесување и споредување на дактилоскопски податоци, како и преземање на сите потребни мерки на национално ниво за да се обезбеди отпочнување на автоматизираната размена на ДНК податоци и на податоци за регистрација на возила.

извор: МИА
Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими: Се изнаоѓа најдобар модел за Фонд за перформанси и Фонд за воедначување со цел подобрување на фискалниот капацитет на општините

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk