ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Масовната имунизација продолжува, досега аплицирани се 207.219 дози, а ревакцина примиле 31.599 граѓани

May 19, 2021 09:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Барем една доза вакцина досега примиле 40 отсто од населението над 70 години во земјава и 33 отсто кои се на возраст над 65 години. Аплицирани се 207 219 дози, а ревакцина примиле 31 599 граѓани.  Според податоците од Министерството за здравство, преку веб-платформата vakcinacija.mk интерес да се вакцинираат изразиле речиси 377 илјади граѓани.

Прва доза вчера примија и претседателот Пендаровски, вицепремиерите Димитров и Битиќи и министрите Маричиќ и Милевски, кои апелираа граѓаните да се пријават за имунизација како единствен начин за надминување на пандемијата и враќање во нормала, нагласувајќи дека сите вакцини во земјава се проверени, безбедни и ефикасни.

Шефот на државата Пендаровски вакцината ја прими во пункт во Куманово за, како што рече, да ги разбие дезинформациите дека наводно има разлика меѓу вакцините што се даваат во Скопје и оние во другите градови, а веќе решил и втората доза да ја прими во трета општина.

– Масовната имунизација е почната и мислам дека е добро што веќе илјадници граѓани тоа го завршија, изјави претседателот Пендаровски кој очекува дека до крајот на јуни ќе се имунизира значаен процент од населението.

Меѓу последните вакцини што дојдоа во земјава е новата пратка на „Фајзер“ со 9360 дози, од кои 4680 се од директниот договор со овој производител, според кој секој понеделник „Фајзер“ ќе ни испорачува од 5000 до 7000 дози вакцини, односно 26 000 за цел месец. Останатите 4680 дози од новата пратка вакцини „Фајзер“ се добиени преку трилатерални договори  во рамки на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe). Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија, во нашата земја во мај треба да пристигнат 19 890 вакцини.

Паралелно со имунизацијата, се намалува и бројот на новозаразени со коронавирус. Во вчерашната статистика беа евидентирани 83 нови заразени (од кои 40 во Скопје), 259 оздравени и двајца починати пациенти. Активни случаи има 3270 во целата држава – во Скопје  1312, а трицифрени активни имаат пет општини – Куманово – 303, Битола – 214, Охрид – 203, Прилеп – 160 и Тетово – 116.

Се намалува и бројот на хоспитализирани поради компликации, така што болниците затвораат дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти. Во претходното деноноќие, како што беше соопштено, немало приеми на Интерните клиники во главниот град. Министерството за здравство вчера соопшти дека на болничко лекување се 457 пациенти позитивни и сомнителни на вирусот, од кои 193 во Скопје и 264 на инфективните одделенија во другите градови низ земјава, а има околу 680 празни болнички кревети.

На пациентите кои имаат последици од КОВИД-19, потешкотии во дишењето и движењето, ќе им биде овозможена стручна помош – респираторни и физикални вежби во специјализираната болница за белодробни заболувања во Отешево која, со поддршка од Министерството за здравство, подготви дел наменет за пациенти за постковид рехабилитација.

И покрај охрабрувачките податоци, засега остануваат да важат рестриктивните мерки – забрана за движење на населението од полноќ до 4 часот и работење на угостителските објекти до 23.30 часот. По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата вчера на седница донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај да продолжат да важат до 1 јуни.

Next Post

Жител на Тетово откако одлучил да не се вакцинира остана без работа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk