ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Ако ЕУ не ги исполни ветувањата, ќе загуби простор пред ривалските сили, жител на Тетово останал без работа бидејќи не се вакцинирал, се отвора владина дебата околу дивоградбите

May 19, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фрустрациите околу блокадата на разговорите за членство и испораката на вакцини дава шанса на Кина и Русија, вели премиерот Зоран Заев во интервју за магазинот „Политико“, предупредувајќи ја ЕУ дека ќе добие удар врз репутацијата на Балканот и ќе загуби повеќе простор пред ривалските сили доколку не започне преговори со Северна Македонија и Албанија.

Намалување од 48,3 проценти на нови случаи и намалување од 38,1 проценти на починати, споредено со претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=280; 41,5%), со неделна инциденца – 45,3/100.000. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 186.146 граѓани, а вчера биле аплицирани 12.352 дози вакцини.

Жител на Тетово кој сака да остане анонимен остана без работа откако одлучи да не се вакцинира. Изминативе неколку години тој работеше на брод, но сега од компанијата не му ја продолжуваат работната виза без здравствен документ дека има примено вакцина против Ковид-19.

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира објавите на некои портали за наводен упад на МВР во телевизија Алфа. Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во текот на денот немале апсолутно никакво физичко присуство во споменатата телевизија, ниту преку своето одделение за организиран криминал, како што се наведува во текстот, ниту од било која друга организациска единица во МВР, па оттаму небулозни се шпекулациите дека станува збор за “системски притисок” или дека “МВР сака да има увид во програмската шема на телевизијата” што, секако, нема допирни точки со надлежностите на МВР.

Би ги прашал оние што гласно и страсно деновиве „навиваат“ и заземаат „страна“ во одново разгорената војна меѓу Палестинците и Израелците, дали знаат дека навиваат за една или друга страна во борба меѓу закрвени браќа, братучеди, различни само по вера? И без оглед која „страна“ ја поддржуваат, да знаат дека грешат, пишува ПЕТРИТ САРАЧИНИ.

Владата отвора дебата за Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби, што е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот. Ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит.

M. Mиткоска

Next Post

Шилегов: Конески стана препознатлив како национален симбол на нашата понова македонска историја

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk