ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Пет навики опасни колку и пушењето

May 19, 2021 11:57
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Познато е колку е штетно тутунот за човековото тело. Но, современието се одликува со нови навики кои постепено го изместуваат тоа од врвот на списокот смртоносни навики. Следат пет навики присутни во нашето секојдневие, а кои, како што предупредуваат некои американски научници, се барем еднакво опасни како и пушењето.

Осаменост

Најновите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е исто толку штетна за нашето здравје, како и што било друго од врвот на „смртоносната“ листа. Социјалните мрежи и сѐ пореткото излегување „во живо“ со пријатели водат до осаменост, која денес добива неверојатни размери.

Професорот по психологија на Универзитетот „Бригам Јанг“, Жулиен Холт Лунстад вели дека влијанието на осаменоста врз намалувањето на животниот век е еквивалентно на пушење 15 цигари на ден.

„Седечки начин“ на живот

„Седечкиот начин“ на живот го зголемува ризикот од развој на неколку видови рак, открива истражување од 2014 година. На секои дополнителни два часа седење се зголемува опасноста од рак на дебелото црево, на ендометриумот, на белите дробови, без оглед на вежбањето во текот на денот. Дури и со редовно вежбање, седењето повеќе од осум часа на ден го зголемува ризикот од повеќе здравствени проблеми.

Недоволно спиење

Научници посочуваат дека 50 до 70 милиони луѓе во САД, на пр., страдаат од нарушување во спиењето. Недоволното спиење, предупредува професорот од СЗО, Валери Гафаров, ја зголемува опасноста од мозочен или срцев удар во иста мера како и секојдневното пушење.

Солариум

Иако користењето солариум навидум изгледа само како замена за сончањето, тоа може да биде исто толку опасно за организмот како и пушењето. Уште во 2014 година, дерматологијата докажа дека прекумерната употреба на солариум предизвикува рак на кожата и белите дробови, и тоа повеќе отколку цигарите.

Нездраво јадење

Слатката и преработена храна богата со заситени масни киселини придонесува за развој на потенцијално смртоносни болести, како и пушењето. Во 2016 година, истражувачи кои испитувале смртни случаи како резултат на неухранетост, заклучиле дека смртноста ја надминува онаа поврзана со алкохолот, лековите и тутунот.

Next Post

Пладневен преглед: Ако ЕУ не ги исполни ветувањата, ќе загуби простор пред ривалските сили, жител на Тетово останал без работа бидејќи не се вакцинирал, се отвора владина дебата околу дивоградбите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk