ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Австриски и хрватски искуства за подобрување на капацитетите за борба против организираниот криминал и корупцијата

May 19, 2021 13:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Искуствата на хрватското Министерството за правда, австриските Министерство за внатрешни работи и Агенција за европска интеграција и економски развој, во следните пет години ќе се преточат во партнерство и поддршка на нашиот правосуден систем и МВР во борбата против организираниот криминал и корупцијата во рамки на проектот „Поддршка на Европската Унија за Владеење на правото“, финансиран од ЕУ во рамките на Инструментот за претпристапна помош.

Потпретседателка на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова, на промоцијата на проектот, упати честитка на Северна Македонија за темпото и напредокото во европските реформи и ги поттикна Владата и институциите да го задржат моментумот.

– Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон пристапување во ЕУ. Тоа вклучува и финансиска поддршка, како што е овој проект, кој ќе помогне да се подобрат капацитетите на правосудните институции за спроведување на модерни истражни техники, а тоа од друга страна ќе помогне во борбата против криминалот и спречувањето на корупцијата, изјави Јурова.

Постигнавте успех, но, посочи Јурова, треба да се продолжи во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

– Релевантните институции за тоа треба да имаат соодветни ресурси за да продолжат на значен и успешен начин. ИПА проектите помагаат во оваа насока. Сметам дека е од големо значење да се подобрат капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата. Ова тело треба лесно да ги проверува изјавите за имот, доставени од избраните и именувани јавни функционери, изјави Јурова.

Се надевам, посочи Јурова, дека земјите членки за кратко време ќе постигнат договор за отпочнување на преговорите за членство.

– Може да сметате на мојата целосна поддршка за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот пристапен процес кон ЕУ и нејзините вредности, изјави Јурова.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, посочи дека на проектот гледаат како мост во обезбедувањето на помош и поддршка при водењето на преговорите за членство во Унијата, земајќи ја предвид новата Методологија за проширување, каде токму областа владеење на правото, е дел од првиот кластер – Фундаменти.

 

– Како потврда на реформите од изминатиот период и постигнатите резултати го имаме позитивниот Извештај на Европската Комисијата за 2019 година и добиената чиста препорака за отпочнување на преговорите. Благодарни сме што Комисијата ја препозна Северна Македонија како позитивен и светол пример за другите земји, и нотираше напредок во сите релевантни области и критериуми за членство. Поглавјето 23, е оценето како Поглавје во кое се бележи добар напредок, а напредокот во владеењето на правото е најдобро оценет, во споредба со останатите држави од регионот, посочи Маричиќ.

Преку овој проект, според Маричиќ, досегашните напори во консолидирање на владеењето на правото и европските вредности дома само се интензивираат, низ зајакнување на капацитетите на нашите институции, и помош во усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската Унија и клучните инструменти за човекови права на Советот на Европа.

– Изминатите години донесовме важни законски решенија, кои претставуваат основа за воспоставување на независен, непристрасен, ефикасен, стручен и транспарентен судски систем. Верувам дека Проектот е од круцијално значење и ќе овозможи значаен придонес за крупни реформски процеси, за зајакнување и зголемување на ефикасноста на правосудни институции, за засилена превенција и борба против корупцијата, како и засилена заштита на човековите права, со цел обезбедување на поголема правна сигурност на граѓаните и секако враќање на довербата во правосудниот систем, порача Маричиќ.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека во овие исклучителни моменти за целиот свет, конкретната и видлива помош од страна на Европската Унија, како најголем наш донатор, е од огромна важност.

– Владеењето на правото, како една од заедничките вредности за сите земји – членки на Европската Унија, претставува врвен приоритет кон чија практична имплементација целиме во воспоставување на модерна и функционална држава, посочи Спасовски.

Токму почитувањето на правото и неговото спроведување, посочи Спасовски, се од суштинско значење за обезбедување еднаквост пред законот на граѓаните и деловните субјекти, а со тоа во јакнењето на  довербата во јавните институции.

– Република Северна Македонија како земја аспирант да стане рамноправна членка во европското семејство, вложува максимални напори да обезбеди непречено владеење на правото и спроведување на законите. Зајакнувањето на правната држава и правото во континуитет е идентификувано како предизвик и клучен услов за земјите кои го чекорат својот пат кон членството во ЕУ, нагласи Спасовски.

Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ е дел од поголемата акциска програма финансирана од ИПА II 2020 Северна Македонија активност „ЕУ за владеење на правото“ и треба да овозможи поддршка за институциите во наредните пет години, за зајакнување на владеењето на правото во согласност со европските и меѓународните стандарди, а особено поддржување на правосудниот систем и системот за внатрешни работи, подобрување на борбата против корупцијата и зајакнување на почитувањето на основните права во земјата, преку обезбедување на советодавна поддршка од експерти, поддршка при управување, помош за понатамошен развој на системите, обуки за вработените од сите засегнати институции.

извор: МИА

Next Post

Со поддршката на ЕУ ќе се зајакнат капацитетите и на ДКСК и Академијата за судии и јавни обвинители

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk