ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со поддршката на ЕУ ќе се зајакнат капацитетите и на ДКСК и Академијата за судии и јавни обвинители

May 19, 2021 13:15
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Следењето на финансирањето на политичките партии и финансирање на изборните кампањи, надградување на е-модулите за етика и интегритет во јавниот сектор и зајакнување на супервизијата врз јавните набавки и воведување мониторинг врз процедурите за јавни набавки, се дел од активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата кои ќе бидат унапредени со поддршката од Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, кој е финансиран од ЕУ и се спроведува од Австриската агенција за европска интеграција и економски развој (АЕИ).

Ова денеска го истакна претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во излагањето на презентацијата на Проектот кој е поддржан и од Министерството за правда и јавна администрација на Хрватска, Mинистерството за внатрешни работи на Австрија и Институтот за основни човекови права „Лудвиг Болтцман“.

– Со поддршка и обука на вработените од одделението за анкетни листови очекуваме зајакнување на капацитетите на лицата одговорни за верификација на поднесените анкетни листови преку користење на различни административни и финансиски податоци, како и следење на неподнесените анкетни листови, што секако ќе влијае на зголемување на ефикасноста на институцијата, но и на намалување на ризикот од непријавени или неточно пријавени податоци, истакна Ивановска.

Во однос на надградување на е-модулите за етика и интегритет во јавниот сектор, претседателката на ДКСК рече дека очекува да се подигне знаењето и свеста на претставниците на Парламентот, судиите и обвинителите и другите избрани и именувани лица, во насока на правилно спроведување на Законот за лобирање, што се очекува да се донесе во догледно време.

Ивановска ја истакна и важноста на помошта предвидена со проектот за вработените од ДКСК кои работат на проблематика за следењето на финансирањето на политичките партии и финансирање на изборните кампањи, како и во обезбедувањето на конструктивна соработка со другите надлежни институции.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер – Дамјановска во своето обраќање рече дека од Проектот очекуваат јакнење на капацитетите на Академијата во насока на успешна реализација на нејзините активности, унапредување на квалитетот на обуките во рамките на почетната фаза и фокус на квалитетот на задолжителната континурана обука.

– За овие приоритети меѓународната поддршка е посебно значајна од причина што размената на искуства кои се овозможени преку разни проектни активности најпрецизно да ги идентификуваат слабостите и потребите како на нашата институција, така и на правосудниот систем во целина. Истовремено, споделувањето на искуствата од страна на правните професионалци од земјите членки на ЕУ вршат позитивни влијанија врз усвојувањето на нови знаења и развој на нови методи при спроведувањето на обуките од страна на Академијата во чиј фокус е правото на ЕУ, владеењето на правото и човековите права, истакна Габер – Дамјановска.

Директорката на Академијата информираше дека со помошта од Совет на Европа обезбедиле електронската библиотека и пристап до меѓународни правни бази, а со реализацијата на овој Проект, очекува дека Академијата ќе го подигне квалитетот на обуките, ќе се унапредат програмите и дека ќе ги елиминираат идентификуваните недостатоци.

извор: МИА

Next Post

„Учи паметно, работи стручно“ во Куманово и Крива Паланка: Голем интерес кај младите за средните стручни училишта

НАЈНОВО

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025
Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk