ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Оставаме простор да отвориме широка јавна расправа за легализација на дивоградбите

May 19, 2021 21:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната седница на Владата дискутиравме за законот за легализација на бесправно изградените објекти и оставаме простор да отвориме широка јавна расправа и низ транспарентна постапка да ги отстраниме што е можно повеќе од спорните делови поради кои претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законското решение што беше донесено во Собранието, информира вечерва министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Разговарав денеска и со претседателот на Собранието и почнуваме со серија на средби со пратеничките групи и со невладините организации и асоцијациите за кои верувам дека ќе ни дадат поддршка и помош како да дојдеме до подобро законско решение, но крајната цел да ни бидат граѓаните и фокусот на овие 50 или 60 илјади проблеми во државата, рече Бочварски во емисијата „Топ тема“.

Нагласи дека ќе се разговара за целиот закон и додаде дека со плаќањето 150 евра наместо едно евро за квадратен метар како досега за легализација на објектите им се укажува на граѓаните дека бесправното градење е недозволиво и дека во иднина нема да се дозволува.

-Во новите измени на законот може да се предложи и аспектот на луксуз, а тоа е согласно големината на објектот. Неприфатливо е граѓанин кој прима социјална помош да легализира објект од 200 квадратни метри, нешто  што е луксуз во државата. Ќе направиме јасна дистинкција над одредена квадратура да се плати одредена повисока стапка, рече Бочварски.

Повтори дека целта на законските измени беше како да ги стават во правна рамка бесправно изградените објекти на граѓаните што примаат социјална помош од државата.

-Беше предвидено ваквата легализација за таквата категорија граѓани да е бесплатна, затоа што имаат проблем во егзистенцијата и треба да бараме решение како да им помогнеме да имаат покрив над главата. За овие граѓани беше предвидено да не плаќаат комунален надоместок, за да го стават својот објект во правна рамка, потсети Бочварски.

извор: МИА
Next Post

Инаугурација на Стратешкиот совет за надворешна политика

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk